Се прикажуваат објави со етикета Македонија. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Македонија. Прикажи ги сите објави

Вистината за Македонија

Не знам колкумина од вас веќе налетале на ова видео наречено: Видеото кое ја шокира Грција, ама не можев да одолеам а да не го ставам овде. Се надевам дека немат да го тргнат како претходното со прашањето: Што бил Александар? - од квизот. Е па кликајте на видеото...и обратете внимание на зборовите на жената - грчки археолог.
За успешно разбирање на содржината - задолжително познавање на англиски.
Thumbs high !!!



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Музика преку rapidshare - втор дел

Пред неполн месец напишав еден пост како барав една македонска народна патриотска песна и ја најдов на бугарски и српски страници, ама не и на македонски. И решив да преземам нешто, колку што можам да придонесам да се сменит ситуацијата. Ме упатија и на други македонски страници со музика, ама таму можат само да се преслушаат. А од денес, овде на охридскиов ќе можит да се спуштат музика преку, како што погодувате, rapidshare. За почеток имаме еден албум, ќе се цитирам себеси: во изведба на нашиот задолжителен за секоја домашна колекција ансамбл Билјана.

Малку подолу, на десната страна, можете да го најдете линкот во ганц новата рубрика: Спуштај музика бес-платно! Во иднина ќе следува уште музика, колку што можиме да ставиме на rapidhare.com. И немат да се ограничиме на македонска народна. Ако сакат некој да помогнит, добредојден е. Однапред ви благодариме за вашиот придонес.

P.S. Забележав дека никој не спуштат песни од Билјана, туку само албумот. Поединечните песни ги немат во албумот (освен насловната) и се 192 Kbps, за разлика од албумот каде се 128 Kbps.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator




Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Музика преку rapidshare

Пред некој ден побарав на мрежава една македонска народна патриотска песна. Многу одговарат на сегашнава наша ситуација, и за жал сме осудени повторно да ја слушаме и пееме. За да не ве држам во целосна недоумица, песната содржит стих: „...Проклета и триклета да си Европо, блуднице Вавилонска...„ а е во изведба на нашиот задолжителен за секоја домашна колекција ансамбл Билјана.

И што најдов? Ја најдов песната, ама не на место кај што очекував или се надевав; ја најдов на една бугарска страница и на една српска, ама не на македонска; (ама ова е посебна тема за која сум преморен да расправам). Ако сепак ја имат некаде, се извинувам што не бев поупорен во пребарувањето.

Како и да е, решив да преземам нешто и барем малку да придонесам во изменувањето на ваквата состојба. Овој пат за проба ќе ја поставам песната што ја најдов: овде кликнете , а за понатаму ќе истражам подетално што и како можам да направам за на овој блог да воведеме рубрика за преземање музика. Засега го открив сервисот rapidshare кој што веројатно многумина од вас веќе го знаат, а за тие што се побавни и од мене во дознавање на вакви интересни работи, таму можете да ставите (upload) каков било фајл и да му го соопштите линкот на тој што сакате да го спушти (download). Вршит работа за поголеми фајлови што не можат да се испратат преку електронска пошта.

Засега толку, ако имате некоја идеја коментари се добредојдени. Песната е засега на располагање 90 дена и само на првите десетмина што ќе ја спуштат. Речиси како наградна игра. Ајмо песна бесплатно!

Tags: , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

patuvanja.info: Беровско езеро - место за душевен мир

Доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата кои во Македонија ги има во избилство, испланирајте викенд на Беровско езеро...

patuvanja.info: Беровско езеро - место за душевен мир

Дали Александар Македонски бил Грк?

Браво браво и стопати браво. Е ова го сакам бе! Ко ќе видам вакво нешо ми се полнит душава. Сите знет шо е вистина и немат тука ова она.

Екста добро видео, а колку добро вие ќе се чувствувате ко ќе го видите видеово- дознајте сами.



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

patuvanja.info: Вевчани - извори на непокор

patuvanja.info: Вевчани - извори на непокор

Прохибиција

Со што се занимава нашата влада во овие пресудни времиња по нашиот идентитет? Или подобро, дали се овие времиња пресудни или e тоа само наметната општонародна психоза за да се одвлече вниманието од други настани и појави?!

На пример: владата се занимава со „Европски“ закони, нели, за да се приближиме до ЕУ. Јас дури би ги нарекол Скандинавски. После 19:00ч нема алкохол во ниедна продавница, под клуч, само во кафеана може да се пие. Во колона по двајца, или?! Лева-десна, еден-два. Кој има корист од ова? Не можам ни да претпоставам, ама никако не можам да помислам дека општеството ќе е тоа, дека сега ќе се отрезни цел народ и „ќе ни тргне“. Уште порано пушачите беа „обележани“, одделени од непушачите небаре се најлош вид на криминалци. No dogs and Indians! На крајот на краиштата, од што ќе живеат Прилепчани? Па доста со забрани, ограничувања и репресии. Јас го разбирам развојот на демократијата како добивање на сé повеќе слободи. Нели?! Земете ја за пример Холандија, и при тоа не мислам на озаконетата марихуана. Ама ако и за тоа, „патот на претерувањето води до мудроста!“

А вработувања? А фер вработувања? (без партиски/роднински/платени работни места.) А антикорупција на повисоко ниво од наплатувач на патарина? Испитување на потеклото на „тешко спечалените“ милиони на поединци? И така натаму, и така наваму.

Жално, ама овие закони ми изгледаат како Скандинавски фил на отоманска торта. Да речеме раванија. Да не се чудиме ако ни се појават Капоневци и Лучиановци.

П.С. За љубителите на вистинска торта, топло ја препорачувам Охридска.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Македонско име нема да загине

За почеток ќе скршнам настрана низ една попатна станица: ќе ви раскажам како си поминав вчера во автобусот на пат кон Скопје.
Во задниот дел имаше една група млади Роми и, во нивен препознатлив стил, беа распеани, разиграни, се смееја, довикуваа, шлапкаа со раце и пак пееја. Имавме „целовечерен концерт“ – влез колку билет до Скопје. А во репертоарот доминираше избор песни од Тоше, од народни до навивачката „Македонија“. Браво за нив, и за нивниот весел дух. Туку, дали мислите дека тие деновиве се замараат со нашето име? Или воопшто некогаш? Е па нека си се веселат и пеат и играат, подобро да ви кажам за некои други државјани на Македонија.

На пример, Србите од Македонија. Дали тие се изморија од размислување и нервози и неизвесност за нашето име и идентитет? Се разбира не, тие се презафатени со Косово. Се собраа, се бунеа, викаа. Не можам да ги осудам, и јас кога би живеел сега во Србија, сигурно би бил позагрижен за Македонија. Затоа да ги оставиме и нив, и да се свртиме на друга страна.

Со што се занимаваат Албанците од Македонија? Нема потреба ни за објаснување, премногу е очигледно и просто. Сите знаеме за градовите-држави и тоа од античко време, ама нам ни се случи општина држава: Чаир го призна Косово. Подобро да преминиме на „Бугарите од
Македонија“.

Дали во Македонија има или нема Бугари, е друга тема. Можеби за некој генетичар, или историчар, или биолог... Мене ме интересираат чувствата; кој како и што се чувствува себеси. Значи, тие што се или се чувствуваат Бугари, најдоа за сходно во овие напнати моменти да дотурат масло на огнот: смислено нé испровоцираа со откривање на бистата на Тодор Александров. Беспредметно е да се расправа за што се борат и што ги интересира нив.

Да не ги навредам Турците од Македонија со неспомнување, ама досега немам слушнато ништо од нивна страна, не знам како си врват и за што размислуваат.

Затоа, најдобро е да се видиме себеси, ние Македонците. На крај си сме сами, како и секогаш, да си се бориме за себе. Е па да не чекаме помош и поддршка, зошто мислам дека нема да ја добиеме. Сите наши „сојузници“ се поголеми сојузници на нашиот јужен сосед. И без оглед на бесмисленоста на спорот за името, според народната „на пазар домашниот есап не излегува“, нашето членство во кој било сојуз или унија ќе нé чини скапо. Ако ме прашате мене, не би ја платил таа цена за никаков сојуз. За сите вас имам само една порака, а таа е најдобро искажана во една наша песна:

„Станете сите браќа Македонци,
од сите Македонски градови,
И да викниме сите со глас голем,
Бегајте Грци не ве сакаме.“

Сосем за крај: кога ќе нé остават на мир и ние ќе имаме време за поезија и театар; време за долги прошетки низ паркот и излети; време за дружење и игра, или ако повеќе сакате „четинг“ и „гејминг“; за љубов, насмевки и топлина?!

Technorati Tags: , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Југо - носталгија

На следниов линк можете да најдете доста обемна и сéопфатна приказна за Македонија. Добра статија генерално. Само на крај авторот под ПС., под мотото „крајот делото го гнаси“, ми го расипа целиот впечаток, и тоа тотално, велејќи дека: „Во малку поинаква ситуација, јас би бил првиот кој е за зачувување на комплексното БЈР Име како уставно, затоа што токму тоа име ни го припишува нам целото југословенско наследство, и наследството на неврзаноста, самоуправувањето и одењето авто-стоп на одмор. Единствено ме нервира “поранешноста” - само Југословенска Република Македонија звучи кул.“ Зошто тогаш не би се викале: Бивша Римска колонија Византиска провинција Отоманска провинција Фашистичка територија Српска покраина Југословенска република Македонија? (Да не испуштив нешто?! Дополнете ако има.) Нели, за да го опфатиме целото наследство...

Не знам за вас, ама јас овде го препознавам нашиот најголем проблем со националниот идентитет: Имено, т.н. Југо-носталгија. Знаете, сéуште има т.н. македонци кои повеќе ја сакаат „бившата“ од „сегашнава“. Велат: „Добро ни беше; со Југословенскиот пасош не ни требаа визи за никаде; ние не можеме сами; имавме сé што ни треба....“

Би сакал да набројам неколку од тие работи што ги имавме:
1. Странски кредити и задолженост од околу 20.000.000.000 $ (милијарди);
2. Планска (не пазарна) економија со висока инфлација која стрмоглаво водеше во пропаст;
3. Сé беше во ред: ред за леб (најмногу 2 леба по човек во редот); ред за млеко (исто како лебот); ред за масло за јадење (кога ќе добијат); бонови за бензин; 60% кафе (ако имаш среќа); голема „разноврсност“ на возила - Застава или Лада, и по некоја полска или источно германска; ... да продолжам?
4. Немилосрдно политичко гонење и затворски казни за сите „непријатели на револуцијата“, а првенствено тоа се однесува на македонски патриоти. Македонски патриотски песни најстрого забранети (разговор во УДБА загарантиран минимум), а посакувани тие за партизаните со Тито и Иво Лола и Сава Ковачевиќ итн. Барем такви се пееја на хор;
5. Немање слобода на говор (едно до основните човекови права). Во спротивно – Голи оток;
6. Немање слобода на вероисповест (уште едно) - човек забележан дека оди во црква (не знам за џамија) нема шанси за напредок во кариерата. Воведен е поимот „политичка подобност“.;
7. Има уште многу, ама за крај мојата омилена фраза: „загарантиран личен доход“.

Да скратам: Што е тоа што го имаа и по кое патат? Немање на основните човекови права и основни прехранбени производи. Бог неканет гостин. Мрачно доба.
Но јас не им се лутам на носталгичарите, само сакам да им кажам дека тоа заврши и да ги отворат очите за да ја видат светлината. Светлина од сонценцето.
Made in Macedonia

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Зборувајте Македонски

Веројатно е оваа тема нашироко обработена, ама мој впечаток е дека не е доволно. Ни приближно, зошто сите сме сведоци како нашиот древен јазик во последниве 2-3 децении е посменет отколку во нешто малку повеќе од 5,5 века отоманско (а не турско, и не 5 века, според општо прифатениот термин).

Сега немам намера да докажвам колку е всушност древен и дека не го измислија Кирил и Методиј, тоа е друга тема, туку да ја искажам загриженоста за неговото брзо умирање.
Првенствено тоа е резултат на „англиканизацијата“ и „компјутеризацијата“ на светско ниво; но тоа е само прв очигледен впечаток. Освен техничко-технолошките термини, кои тешко да се преведат, ние прифативме и прифаќаме, за жал, многу термини и од економија, маркетинг, право, политика, па дури, што е најстрашно, и во секојдневието (само неколку примери: јес, кул, топ, чао, океј, чет, мејл, шопинг, џогинг, фитнес, стајлинг, билдинг, ... итн.) Тоа се изрази за да звучиме cool. Други користиме за да звучиме елоквентно, интелигентно, едуцирано и супериорно. Зошто не разговетно, бистро, образувано и надмоќно? А трети од чиста полуписменост.

Се разбира дека некои зборови едноставно немаат превод, на пример огромен дел од техничките изрази (мотор, машина, радио, телевизор, телефон, компјутер,...); за други нема соодветен збор, или пак го зачинуваат јазикот, или се меѓународно прифатени (клишé, дежа ву, гаража, ... чудно како ми текнуваат само француски...).

„Кај лежит зајакот“: Какви книги читаме (на кој јазик)? Од тие преведените на македонски – кој ги преведвит? Шо пишат и како зборват новинарите? Шо кажват телевизиските водители? Како зборват и пишат нашите доктори на науки и професори? Имаме ли јазичари (лектори) и со шо се занимавет тие? Дали од сето ова е пострашно да се користит дијалект?! Барем така ни се обраќат по некој анонимец во врска со нашиот охридски (со примеси од струшки). Зошто имат отпор кон некое наречје, а немат кон странски зборој кои ни го трујат јазикот на начин шо новите генерации немат да ги научат нашите?!

Го поздравувам секое преземање на дејство во насока на потсетвење на македонскиот јазик, или пак учење од почеток за децата кои се опкружени со оваа глобализација. Имат и на телевизија и на радио. Дали вие менвите канал ко ќе налетате случајно на нив?

Која ми е мислата? Во ова клучно време кога нашето име е доведено во прашање, нашата црква не е призната, делумно и јазикот не ни е признат, од сите страни притисоци, па дури и однатре, да се држиме за она што нé одржа низ вековите: јазикот, верата во Бога, обичаите, музиката. Да е трагедијата уште поголема, човек кој добро го владее својот јазик, често е предмет на потсмев наместо на восхит. Ако кажам костум а не одело, или машна а не кравата, на некој му е смешно. Нели?!

П.С. Вчера на радио нé потсетија на акцентската целост. Пр. Горнитé заби, Голô Брдо, Велй петок, бéз малку, и за крај еден струшки: женскá плажа.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Безбедноста во Скопје

Се одлучив, наместо коментар внатре во приказната на Menager guru како бил ограбен, да се обратам пошироко. Гуру, мое сочувство. Целиот случај е страшен и неверојатен; па нели живееме во „оазата на мирот“?! И тоа среде главниот ни град, во Карпош!


Е па драги мои, добредојдовме во големиот капиталистички град. Потребно ќе нй е многу време да се навикниме дека капитализмот ги поларизира луѓето според богатството – ќе има богати и супер богати, ама и сиромашни и ептен сиромашни. И богатите ќе се богатат, а сиромашните ќе доосиромашат. (Ние само да се надеваме дека и овде ќе има средна класа, и дека ние ќе сме таа. Нели, златна средина.) А тука некаде ќе има и крадци и џепароши, грабачи и киднапери, обивачи и обирачи ... Ги има во сите големи градови.


Во прилог на теоријава: Имам еден другар во Лондон кој неодамна беше ограбен. Дома му обиле и разграбале сé што е вредно. Сред бел ден, зошто предградијата тогаш се речиси празни додека нивните жители се на работа „в град“. Ама нејсе, ми вели, осигурено е сé од кражба, зошто ако ниеднаш не те имаат ограбено – не си прав Лондончанец. Тоа е нивно секојдневие. Исто е и во Њујорк. И каде сé не. Е сега, ние сме далеку од овие градови по други работи, ама истово нé чека и нас.


Ама од приказнава на нашиов гуру ме разочара еден дел: не отишол во полиција зошто ќе му се смееле. Јас би очекувал да има приказна ако се случило нешто како: - Бев во полиција и ми се смееја!... Ама зошто однапред предавање? Барај правдина. Во химната имаме стих дека се бориме за своите правдини. Да не бидиме малодушни, со нашите стари предрасуди. Дека не нé бива, дека од нас држава не бива. Да си дајме шанса, да имаме верба во себе, конечно - да се разбудиме! И таква песна имаме: „Народе македонски, со какви идеи си ти? Доста веќе, разбуди се, свести се не спиј ти...“ Не сме од вчера – напротив! Ние сме лулка на цивилизацијата, зародиш на христијанството, писменоста, ренесансата. Ние сме мал народ, ама Велик!



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Dark Капруш - црн леб - комбинација

Пред некој ден, т.е. вечер, некаде околу 8 часот, ме пуштија од дома да купам леб. Ми порачаја обавезно црн да бил затоа што моите се големи приврзаници на здрава храна (или обоена :) во овој случај). И си тргнав јас да го купам тој лебот во најблиското продавниче, ама тамо да ти немало црн, па отидов во другото продавниче - па исто. И што да правам, продолжив понатаму по мојата населба (Карпуш 4) да си го "барам лебот".

После неколку покушаи во разни продавничиња без успех, решив да одам до тинекс во Карпуш 3 зошто од поверливи извори (еден газда од продавничињата попатни) ми кажа дека таму секогаш имало. Добро, си реков, нема проблем, ке прошетам малце.

Но, некаде при средината на моето патешествие низ Карпуш 4 увидов дека ниедна улична светилка (од средина на Карпуш 4, па до крајот на Карпуш 4, кај што застануваат последна 19ка и 15ка) не свети. Мркли мрак. Почна да ме фаќа страв дека нешто се случува, ама веднаш после таа мисла си поврзав со нашите електро компании и претпоставив дека немаат платено струја нашиве Карпуш 4 застапници во власта, па си продолжив понатаму посмирен (и самоубеден сум во скоро централна градска територија каде има народ и секако полиција ).

За да скратам малце од патот и да не одам по Партизанска по тротоар, и зошто сум си голем јунак и "покровител" за движење по темница, продолжив по едно уличе што ги поврзува Карпуш 4 и Карпуш 3 (кај салата Партизан). И тамо - мркли мрак што да ви кажам.

Кога, од од позади мене(случајно погледнав наназада кој ме прати) се затрча едно суштество ниско колку мојата половина, со големи раменици и цигаре во едната рака и нешто како нож во другата(висок сум иначе околу 180 цм) . Почна да вика:
- "Стој бе, не бегај, ке кољам".

Ај, си реков, да му помогнам да не се мачи суштествово да трча зашто ми изгледаше како мачене и збифтање отколку на трчање - застанав. Кога се доближи до мене видов дека е црно човече - циганче, и видов дека вистина имаше некој бодлец во едната рака, се подуплашив малце(не многу зошто сум "голем јунак") и го прашав што сака. Суштеството ми рече дека сака да му ги дадам парите, и зошто сум пацифистички настоен и антиекцес тип - го прашав колку пари сака. Ми рече да му дадам 20 денари и ќе ме пуштел да си одам. Добро, си реков - ефтино, бркнав в џеб и му дадов 50 денари. Му светнаја очињата. Дури и фала ми рече, ми рече и дека кога ке сум поминувал повторно оттука ке ме штител од други.

Хм, "зарем има и други" - го прашав.
- "Да бе" - рече, "Ние овде оператираме" (мислеше на оперираме ваљда).
- "А не се плашите од полиција?" - му реков,
- "Не бе, ние сме мафија!, тие бегаат од нас" - ми одговори.
- "Добро" - си реков во мене, браво за градов и градската управа што му дозволиле на ваков тип на пари печалници да рекетираат граѓани што купуваат леб.

Го поздравив суштеството и си продолжив по патот (по уличето), кога малце подоле пред да излезам од уличето ме пресретна човек - циган висок колку мене и ме праша "дали сум му дал на брат му парите". Еeee веќе почна страв да ме фаќа.
- "Да!" - реков.

Човекот ме поттурна и ми рече да почекам, извади мобилен, се јави нагде (ваљда на брат му ), направи муабет на цигански, после разговорот се насмеа и ми рече дека сум слободен.

Слободен, ебатте слободата, двајца цигани во рок од 5 минути, без никаков стам, страв или што и да е, и то "оператиравци" на територија меѓу Карпуши ме застануваат и еден ми зема пари, друг ме контролира. А си тргнав само ЦРН леб да си купам, ебате среќата.

Продолжив по патот, си го купив лебот и си се вратив дома по Партизанска (каде е светло до негде, пу пу).

Ми дојде недоумица(откога се свестив што ми се случило) како да постапам:

1. Дали да го пријавам случајот во полиција (зарем за 50 денари - ќе ми се насмеат и толку!!!)
2. Да го тужам градот зошто остава мрак улици навечер па да зеам милјонче или повеќе, исто како во Америките што земаат за глупости (убава идеја ама незнам дали ке ја бива кај нас),
3. Да си купам пиштол (во време кога модерно е депиштолизација - нема да сум модерен) и
4. Да го обновам моето знаење во карате(имам црвен појас во карате :) во трето оделение - има поминато едно 25 години од тогаш), па да си се бранам со ризик да подзагинам.

Ништо, си реков, ќе напишам блог па нека ми одговорат моите читачи со коменатари. Можда ќе дадете идеја за следен ваков случај, зошто циганите се валда сеуште тука, а јас кружам отсега па натаму одоколу зошто таму "не сум баш слободен, во нашава слободна држава".

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Нивото на Охридско Езеро

После викендот во Охрид, и прошетката покрај нашето езеро, видов нешто необично и ретко.

Прво, не знам колку сте запознати со Охридското езеро, ама мислам дека има минимум што секој македонец треба да знае за него. Дека е тектонско, едно од најстарите во Европа и дефинитивно најдлабоко, дека е природен музеј на ендемични растителни и животински видови, заштитен од UNESCO. Се надевам дека од сето ова не сме генерално запознати само со пастрмката и тоа како на сликата.

Понатаму, езерото истекува преку Црн Дрим се до Јадранско море (некои милуваат да кажат дека „реката истеквит во Св.Наум, и течит низ езеро – се гледат и од авион“). Без разлика како е, на истекот од реката и понатаму по течението има неколку брани за регулирање на нивото на реката и вештачкото Глобочичко езеро, заради хидроцентралата, ама и заради биолошкиот минимум за опстанување на живиот свет во реката и во езерото. Со тоа воедно се менува и нивото на Охридско езеро.
Сега, што ми беше идејата. Викендов нивото на водата во езерото беше многу ниско. Се зачудив зошто никаде по весници и телевизии немат ништо, никаква осуда на владата од типот „им ја пуштија водата во Албанија“, „Албанија е во енергетска криза“ па со водата од езерото им помагаме. Јас имам два заклучоци плус една информација за вас:

1. Зарем мислите дека Црн Дрим е барем приближно моќен како Нил па да може да го реши енергетскиот проблем на Албанија? Секако не. Сите тие обвинувања беа смешни. За да нема забуни, нивото на Охридско езеро никогаш не било пониско од минимално дозволеното! Барем не во моментите кога нечии политички цели беа остварувани преку пропаганда. А за пропаганда прочитајте овде.
2. „Од извори блиски“ до управата на хидроцентралата, дознав дека ниту еден новинар никогаш не ги прашал за нивото на езерото, иако е логично прво да се прашаат тие што го регулираат пред да се критикува и напаѓа во своевидна измислена паника.
3. Од истите извори дознав дека во моментов нивото на Охридско е 5cm пониско од тогаш кога обвинувањата и „паниката„ беа најжестоки. И сеуште не е под минимумот. Нели е чудно што сега нема напади и обвинувања? А и добро е што е така, зошто дури и сега нема причина.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

СТЕЧАЈЦИ

Денојве, ко и многупати досега, центарот на Скопје е блокиран. Вчера полошо, денес не толку... Утре, не знајме. Мислењата и чувствата се поделени: некој ги поддржвит, некој се жалит дека не можит да си завршит работа, друг дека се во право, трет дека не смеат да го попречват нормалниот живот, петти дека му е смачено од нив, а секогаш имат и луѓе без мислење, рамнодушни. Јас би рекол, освен последниве, сите се делумно во право. Ај да речиме скоро сите имаме осетено на своја кожа или во семејството шо значит стечаец, или технолошки вишок, или отпуштен, или никогаш невработен. За жалење сме, цел народ, шо имаме поминато.

Туку, мене ме испровоцира друго нешто: Кој е критичарот на нерешената ситуација со стечајците?! Од разни вести слушам / читам:
СДСМ бара итна собраниска седница за стечајците;
СДСМ предлага закон за стечајците;
Лидерката Шеќеринска и порача на владата да го реши проблемот......

Ха, ха, ха! И, во исто време, БЉАК! Наеднаш сега загриженост!? Па кој ги напрај нив стечајци? Кој ги затвори сите тие фирми, кој ги испокраде, кој не само што не вработи (освен сопартијци и роднини) туку и ги избрка „тие што биле примени во последната година пред изборите“, кој се закани со бркање од работа ако гласате на референдум, кој ги одзеде 8-те проценти од пензиите, кој ги зеде милионите од ТАТ, кој се „договараше“ со ССМ на штета на работниците......? Кооооој???
Доста лицемерие, доста глумење лудило и правење на „три и пол“ и „пу-пу не важи“, доста правење најпаметни и незаменливи, доста малодушност и себичност, доста сеење раздор и гнасотии! Прекинете веќе еднаш со оваа комунистичка перверзија (види фотос).
Ние НЕ ЗАБОРАЈВМЕ!
Уште еднаш ќе повторам нешто претходно кажано: лесно е да се критикуват – тешко е да се имат подобра идеја, решение, совет. Е па, тие ја имаа својата шанса.

P.S. Со фотографијата немам намера да асоцирам на некоја конкретна личност, ниту некого лично да навредам. Тоа е, инаку, знамето на Кинеската комунистичка партија.

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

ТРОЈНА ФОРМУЛА ЗА ИМЕТО?!

Таман решив еден ден да не гледам ТВ и да го испразнам мозоков од сите (бес)корисни и (не)потребни информации, во обичен разговор слушнав дека Нимиц предложил тројна формула (a2+b2=c2 ???) за нашето име:
1. За тие што нé признале под уставното име;
2. За Грција;
3. За ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Да, да, истиот тој чичко Нимиц шо пред Нова година го угостија во Охрид. Врати ја пастрмката шо ја изеде!
Јас како голем љубител на серијалот Стар Трек, каде нашите потомци Земјани се среќаваат со Вулканци, Андоријанци, Ромуланци, и други ....анци, се замислив: Ако тогаш има некој Нимиц, каква формула би ни зготвил?! „Аман чичко, не помагај ни веќе!“ Помагај им ако сакаш на Грдцине со психијатриски терапии за да го преболат нашето име – МАКЕДОНИЈА. НАШЕ Е!!!

Сега ќе ви дадам за домашно. За да сме целосно начисто во ова, би ве прашал прво вас нешто: размислите кои сте и што сте, а оддесно имат една мала анкета за тоа, дајте го својот одговор, а после ќе напрајме мала анализа.

Се враќаме по рекламите; останете со нас!

Значи, дали сме Македонци или Словени? Двете не можит. Тие шо одговорија под б) се „најслабија карика“ и да си одат дома. Ако сме Словени (ко шо рече прв јавно пред светот Киро, уста го болела), немат шо да бараме ние име Македонија. Не можиме во исто време да се гордејме шо Свети Павле од цела Европа прво дошол во Македонија и нé покрстил, и да кажвиме дека сме Словени и сме дошле овде во 6-ти век. Тогаш Грдцине се во право.
Ако пак сме Македонци, а сме, да ја заборајме веќе еднаш големата измислица дека зад Карпатите имало непресушен извор на Словени, па се растуриле по цела источна Европа и дел по Азија, и нам ни се паднала Македонија – дел од Грција. Ха! Каква смешка! Нели е многу пологично, поверно, и на крај повистинито, дека Македонците не испариле, ниту пропаднале в земја, ниту некој ги испотепал сите, или пак чума ги изела. Туку по конечниот пораз од Римјаните (кои шо вистински се намачиле да нé освојат, ама сите нивни освојувања би ја немале посакуваната величина без покорување на највеликото познато царство. Истото важит и за сите подоцнежни освојувачи на овие простори.) голем дел од нашите предци избегале, и тоа најверојатно во голем дел старци, жени и деца, слично на егзодусот 1946-1949 г. од Егејска Македонија. И дека после векои во туѓина, нивните правнуци се вратиле на својата земја, на онаа на нивните прадедовци кои, навечер покрај огнот, им раскажвеле за нивното потекло, за нивното царство и велики цареви, за времињата кога го покориле светот. Зар вие не би посакале да си се вратите? А шо нашле таму? Дури и да сакат некој да ги наречит тие „доселеници“ Словени, кои јас би ги нарекол повратници, дали тие пристигнале на празна ненаселена земја? Кај биле Македонците? Кај се сега?!

Голема и широка е темава, туку да скратам. Пред неколку дена во Шчо прочитафме напишав неколку имиња како поттик да прочитате нешто нивно. Накратко: Т.Белчев, Т.Бошевски, А.Тентов, Н.Проева. Сега ќе го предложам најпознатиот археолог Паско Кузман, нашиот Охриѓанец, Голем Македонец. Господ да му дајт сила и здравје и ум, да си ја довршит мисијата – да дооткријат од под земја кои сме, и да му покажит на светот.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

RAČUNAJTE NA NAS

Во прилог е песната и видеото да ве разгали за "добрите" времиња што поминаа. За тие што не се сеќаваат или беа мали - тоа беа времињата кога "сите се сакавме" и бевме "цела" Југославија и кога "бевме" атеисти, сакале ние или не.

Сега кога си ја вративме својата вера секој посебно, и кога знаеме од искуство дека на никого не можеме да "рачунаме" осем на Господ бог и на нас самите, НЕМА НИКОГАШ ДА РЕЧЕМЕ ПРОТИВ на градењето на верски храмови без разлика кој ги давал парите.

АМА: НЕ НА ПЛОШТАД ви се молам.



U ime svih nas iz pedeset i neke za zakletvu Titu ja spevao sam stih.
Ne spominjem prošlost ni bitke daleke, jer rodjen sam tek posle njih.
Al' život pred nama još bitaka skriva i preti nam, preti, k'o duboki vir.
Ja znam da nas čeka još sto ofanziva, jer moramo čuvati mir.
Računajte na nas.
Sumnjaju neki da nosi nas pogrešan tok, jer slušamo ploče i sviramo rok.
Al' negde u nama je bitaka plam, i kažem vam, šta dobro znam: računajte na nas.
Sumnjaju neki da nosi nas pogrešan tok, jer slušamo ploče i sviramo rok.
Al' negde u nama je bitaka plam, i kažem vam, šta dobro znam: računajte na nas.
U ime svih nas iz pedeset i neke za zakletvu Titu sam spevala stih.
Ne spominjem prošlost ni bitke daleke, jer rodjena sam posle njih.
U nama je sudbina budučih dana i neki se možda i plaše za nju.
Kroz vene nam protiče krv partizana, i mi znamo zašto smo tu.
Računajte na nas.
Sumnjaju neki da nosi nas pogrešan tok, jer slušamo ploče i sviramo rok.
Al' negde u nama je bitaka plam, i kažem vam, šta dobro znam: računajte na nas.
Sumnjaju neki da nosi nas pogrešan tok, jer slušamo ploče i sviramo rok.
Al' negde u nama je bitaka plam, i kažem vam, šta dobro znam: računajte na nas.
Sumnjaju neki da nosi nas pogrešan tok, jer slušamo ploče i sviramo rok.
Al' negde u nama je bitaka plam, i kažem vam, šta dobro znam: računajte na nas.

Линкови со спротивно мислење:
Не градете црква
Тиркиз, Тиркиз ти јебем!
...

Респект за блогот: http://blogot.blog.com.mk и блогер Bi


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Блудница Вавилонска (за визното „олеснување“)

Не знам колку сте запознаени со овој термин, ама многу академски изучувачи на Библијата се имаат сложено дека терминот Блудница Вавилонска е Астрологијата, чии темели се поставени во Вавилон отприлика во исто време со градењето на Кулата, а со иста цел: пркосење на Бога. Но за тоа другпат; сега ќе се зафатам со овој термин како што е испеан во една наша народна песна, а е метафора на Европа.

Пред околу два месеци решив да барам годишна шенген виза, меѓу другото за да воспоставиме контакт со централата на една фирма во Милано со перспектива за соработка, а и за да ја видам Италија. Имам еден другар италијанец, па планиравме да прошетаме заедно барем низ неговиот град - Рим. Инаку тој работи во претставништво на таа италијанска фирма во Македонија, па ми испрати писмо од фирмата (која е инаку добро позната во Италијанската амбасада во Скопје) како покана да одам во Италија заради деловна средба.

Ги прибрав сите потребни документи кои се објавени на веб страната на италијанската амбасада за добивање на бизнис виза, и се пријавив преку агенцијата која е назначена од страна на амбасадата за побрза процедура со барањето. После неколку дена, од агенцијата ми се јавија со барање да доставам дополнителни документи кои амбасадата ги побарала од нив. Повторно бев во поход по документи низ разни институции, и ги доставив до агенцијата.
Но амбасадата бараше уште. И тоа „некакви документи“ за активноста на мојата фирма и на италијанската која ме кани на гости; кога ги прашав какви точно, не ми кажаа. Како и да е, набавив уште десетина документи, меѓу кои и строго доверливи. Овој пат ме упатија лично да ги доставам во амбасадата. На шалтерот ми рекоа дека не барале такви документи, туку некаков доказ за соработката меѓу двете фирми. Па зошто не кажавте какви кога прашав? - ја прашувам службеничката. Освен тоа, нашите фирми немаат никаква соработка, и целта на моето патување е токму воспоставување на контакт и доставување на понуда за соработка.
„Во ред!...“ - рече службеничката, „...но ако шефот побара други документи, ќе ви се јавиме!“ Не се јавија од амбасада, се јавија од агенцијата: „Може да си го подигните пасошот!“.

Кога го добив пасошот со виза се запрепастив: визата важи еден месец, и имам право на еден влез. Но тоа не е се! Имав и една заканувачка порака: „Најдоцна еден ден по истекот на визата, мора да се јавите во амбасадата за да ги покажете печатите од влез и излез од Италија. Во спротивно ќе имате проблеми при евентуално идно аплицирање за виза, а и италијанската фирма која ве кани на гости може да сноси последици!“
Не ми се веруваше!!! После епопејата на прибирање документи во која потрошив доста пари, и во која при крајот очекував уште да ми побараат примероци од крв, урина и сперма, добив еден влез и закана дека морам да го искористам и да го покажам. Е па јас решив да им го покажам, ама не печатот!

Толку од визното олеснување, кое by-the-way требаше да започне од 1.1.2008 година. А Србија доби експрес понуда за визно олеснување и одреден број на студенти кои ќе може да студираат низ универзитетите во Европската Унија, и што ли уште не. Тоа е Европа, за некого мајка - за некого маќеа!


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Шчо прочитафме?

Во центарот на написов е просечниот македонец; Тебе ти се обраќам: Шо прочита ти во последнава година? Кои и какви и чии книги, списанија, написи, колумни... Намерата не ми да се расправам, туку да те прашам. Не да ти давам совети, туку да те поттикнам сам да размислиш, да се анализираш, да си одговориш. Дали си и ти меѓу оние шо го читаа Ден Браун или некоја друга светска завера? Или некоја петпаречка психологија за успехот и позитивното мислење? Или пак некој сосема поинаков „светски бестселер“? Или се интересираше само за спорт? Си купи Фокус да видиш кој колку украл и кај ги скрил? Или читаше оннет и идивиди: Шо напрајле Бритни и Парис, шо било здраво а шо не, кој каква смешка напрајл, кој со кого раскинал, шо ви предвидват ѕвездите за следната недела? Време и Вест? Да не те мрзеше да читаш па гледаше филмој?!

Да ти кажам шо ме поттикна да го напишам ова: имат многу приказни со различни луѓе, не сите учени и паметни, ама имат и такви за чудо. Е арно ама, шо значит „паметни“? Па да почнам со приказните, а ти ако знајш некоја дополни ме.

Приказна прва

Пред некое време еден многу близок чоек сакаше да го споделит со мене неговото тазе откровение – осознавање на светот, неговиот поредок и светските завери од памтивек. За Исус и неговите потомци. За заверата со жените. Да не должам, лесно се препознаваа зборојте на авторот на светскиот „бестселер“. Јас имав само едно прашање за него: ја имаш прочитано Библијата? Или барем само Новиот завет? Ќе погодите шо ми одговори. Зарем мојт вистината да се црпит од некоја книга од некојси, без да се имат прочитано изворот на вистината? Без да се имат со шо да се споредит. Без патоказ. Без доказ. Преку искривени факти и манипулирање со логиката.

Приказна втора

Еден колега од работа прочитал некоја книга, а гледал и ФИЛМ (пази, то е многу јака работа, зато со големи букви го напишав), па според него Светиот архангел Гаврил – Божјиот гласник, соопштувачот на добрата вест за зачнувањето на пресветата мајка, и на многу други убави вести од Бога за човекот, е тој бил „Црниот ангел“, „Избрканиот од рајот“, „Паднатиот“. Па човече Божји, му викам јас, тој е Луси. Сатаната. Нечестивиот. Требит да нацртам шо го прашав?! За секој случај ќе наведам неколку прашања: Кога ја прочита Библијата? А знајш шо е апологетика? А си отворил некогаш wikipedia.org? Или некоја друга педиа? Па се подразбират дека не, ништо такво; една книга прочитал и гледал филм. Многу е и толку.

Приказна трета

Другар. Стар. Се познаваме како дишиме, шо се велит. Прочитал дека Александар Македонски си го проколнал народот, па зато никако да испливаме. Само тониме подлабоко. А и не се сакаме меѓусебе. Наместо да си помагаме, „да му умрит козата на комшијата“. Општо познат народен фолклор, не знам само зошто мислиме дека некој Швеѓанец или Англичанец ќе му помогнит на комшијата да го искосит тревникот. Туку, да повториме, Александар клетва фрлил и фатила?! Ама имат добра вест: клетвата била за 50 поколенија, и погоди кога завршвит? Во 2012-та година!!! (Или беше 2011-та? Морат да проверам.) Ти се вервит? Ќе ни тргнит, стегни се уште некоја година. На ред се прашањата, нормално: Чија е таа книгата? А да не си прочитал нешто од Ташко Белчев? Или од Наде Проева? А од Тупуркоски? (За Зенон Косидовски не ми текна.) Случајно да не си налетал на нешто од Томе Бошевски и Аристотел Тентов за успешното „дешифрирање“ на мистериозниот јазик од камената розета од Египет? За странска литература не ни помислив да прашам. Знаев.

Приказна четврта

Роднина од еден мој другар, иселен во странство пред многу години. Ама идат секое лето, не е некој кутар наш од Австралија шо имат забораено кај е роден. Го гледал ФИЛМОТ Александар, најновион. Автоматски не сакал да е негов потомок – педер бил! Како ова да го коментирам?! Евааа!?

Шчо научифме?

Еден мудар чоек со големо академско искуство го имам слушнато во многу прилики како кажвит дека е лесно да се дајт критика – тешко е да се имат подобра идеја, решение, совет. Се надевам дека задоволително одговорив на тој предизвик.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Македонија е Грција – на YouTube

Македонија е Грција – на YouTube. Да им е... Незнам дали да се нервирам или да прескокнам. Ама ваљда појќето Македници, го прескоквет ова (веќе видено), ама ево јас пак за истото.

Шо пропагнада прает овие Грциве. "Браво за нив". Ова го најдов на YouTube само кога срчав за еден збор - Macedonia (еден термин само). Јес да е старо, од пред една година, можда и било актуелно тогаш во македонскава блогосвера, ама еве го пак, за тие шо го знает да се потсетет и да се нервирет пак, а другите шо не го знает да се понервирет малце.

Го склопиле Грциве видеото убо ко шо требит, специјално за YouTube, ушче туфни да му стаеја и коска ке беше. Ко да имет изнајмено некоја порно продукциска куќа за да им го напрајт.



Во моментов ко го пишам постов за ова видео имаше 135280 коментари. Ако претпоставиме дека секој пишел по 2 коментари, и дека 90% од нив биле грци, бугари, албанци, срби, словенци и остало, а само 10% македонци (браво), тогаш испаѓа дека дека отприлика 6760 македонци кометирале. Уба бројка немат шо. И јас покушав 2-3 коментари да стам – културни секако, да спомнам некој факт или слично, и ме нападнаја ко никој досега: сум бил бугарин, сум бил идиот, врска сум немал, и ми ги блокираја коментарите некако, и слично.

Ок, си реков, ако еден куп безрбетници со мизерија животи по цел ден седет пред ова видеово и коментирет со copy/paste претпоставувам, не примет друго мислење, факт или слично – нека им е. Ама пак од друга страна многу се бе. Незнам како им размислувет мозочињата кога се толку активни да не ни го дает името шо си ги сакаме и да прает невидена пропаганда по вебов.

Зарем требит толку голема да се прајт работава за НАШЕ име.
Нека ми објаснат само како сите тие “аргументи” го забранвет моето постоење и мое лично дефинирање како Македонец, И кои се тие сите фаци да си давет право да ми кажет кој сум јас и каде припаѓам.

И ќе речиме дека сакаме во Европа или НАТО… Ехх, ако за влез во Европа и НАТО требит да се помирам со еден куп вакви работи шо никогаш нема да престанет, и да се прам дека не ги гледам – тогаш немора ни да влезиме. Си имаме и ние достоинстово. Толку.

Тагови: , , , , , , , , , , , , , , , ,, , ,

Таговите се креирани со алатката Ukion Tag Generator

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Мапа од Македонија на мермерен ѕид во Рим

Ми стигна еден емаил и пријатно се изненадив од неговата содржина, а воедно и од сликата што беше закачена на него.

Воедно во Рим на една од четирите мермерни мапи на ѕид, што се наоѓет на улицата Via Imperali која шо води од Colloseo Romano до римските форуми била изгравирана мапа на Македонија.

(двоен клик за поголема)

Четирите мапи се означени со различни временски периоди кои го означуваат појавувањето и подемот на градот држава - Рим од 700-800-та година пред Христа, па навака. На три од четирите мапи стои испишано името Македонија, и тоа во време кога римската држава се состоела само од градот Рим. Многу јако.

Македонија е означена настрана, т.е. различно од името Грција, која во најголем дел од мапите не е наречена Грција туку нешо како Егеј, Епир или ова она.

Вистината за Македонија значи ни лежит на дофат на рака, со бројни артефакти, цртежи и записи од одамна, ама требит тие работи да се соберат и да се презентирет на светов за да знајт кој сме и шо сме. Вака со грциве, иначе, нишчо не бидвит.

Зато пишите љуге и славете го името наше по светов зашо една е земјава и само неа ја имаме.

ПС. Многу се изнервирав со едно видео што беше стаено на YouTube од Грциве - срам да им е, ама за то во друга прилика.

Тагови: , , , , , ,

Таговите се направени со алатката Ukion Tag Editor.

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

 

Последно од Охридскион

Последни коментари