Зборувајте Македонски

Веројатно е оваа тема нашироко обработена, ама мој впечаток е дека не е доволно. Ни приближно, зошто сите сме сведоци како нашиот древен јазик во последниве 2-3 децении е посменет отколку во нешто малку повеќе од 5,5 века отоманско (а не турско, и не 5 века, според општо прифатениот термин).

Сега немам намера да докажвам колку е всушност древен и дека не го измислија Кирил и Методиј, тоа е друга тема, туку да ја искажам загриженоста за неговото брзо умирање.
Првенствено тоа е резултат на „англиканизацијата“ и „компјутеризацијата“ на светско ниво; но тоа е само прв очигледен впечаток. Освен техничко-технолошките термини, кои тешко да се преведат, ние прифативме и прифаќаме, за жал, многу термини и од економија, маркетинг, право, политика, па дури, што е најстрашно, и во секојдневието (само неколку примери: јес, кул, топ, чао, океј, чет, мејл, шопинг, џогинг, фитнес, стајлинг, билдинг, ... итн.) Тоа се изрази за да звучиме cool. Други користиме за да звучиме елоквентно, интелигентно, едуцирано и супериорно. Зошто не разговетно, бистро, образувано и надмоќно? А трети од чиста полуписменост.

Се разбира дека некои зборови едноставно немаат превод, на пример огромен дел од техничките изрази (мотор, машина, радио, телевизор, телефон, компјутер,...); за други нема соодветен збор, или пак го зачинуваат јазикот, или се меѓународно прифатени (клишé, дежа ву, гаража, ... чудно како ми текнуваат само француски...).

„Кај лежит зајакот“: Какви книги читаме (на кој јазик)? Од тие преведените на македонски – кој ги преведвит? Шо пишат и како зборват новинарите? Шо кажват телевизиските водители? Како зборват и пишат нашите доктори на науки и професори? Имаме ли јазичари (лектори) и со шо се занимавет тие? Дали од сето ова е пострашно да се користит дијалект?! Барем така ни се обраќат по некој анонимец во врска со нашиот охридски (со примеси од струшки). Зошто имат отпор кон некое наречје, а немат кон странски зборој кои ни го трујат јазикот на начин шо новите генерации немат да ги научат нашите?!

Го поздравувам секое преземање на дејство во насока на потсетвење на македонскиот јазик, или пак учење од почеток за децата кои се опкружени со оваа глобализација. Имат и на телевизија и на радио. Дали вие менвите канал ко ќе налетате случајно на нив?

Која ми е мислата? Во ова клучно време кога нашето име е доведено во прашање, нашата црква не е призната, делумно и јазикот не ни е признат, од сите страни притисоци, па дури и однатре, да се држиме за она што нé одржа низ вековите: јазикот, верата во Бога, обичаите, музиката. Да е трагедијата уште поголема, човек кој добро го владее својот јазик, често е предмет на потсмев наместо на восхит. Ако кажам костум а не одело, или машна а не кравата, на некој му е смешно. Нели?!

П.С. Вчера на радио нé потсетија на акцентската целост. Пр. Горнитé заби, Голô Брдо, Велй петок, бéз малку, и за крај еден струшки: женскá плажа.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

4 коментари to “Зборувајте Македонски”
Анонимен рече...
on 

bravo za izlaganjevo. Interesni cetivo si nacnal vo vmeme koga ni visi imeto na komec. Da mu ja mislet malce narodijava, ne samo da lezat i da gledaat sliki na rtl.

MaG рече...
on 

Se trudam so skromen pridones, se nadevam deka imat barem nekakov efekt, kolku i da e mal. "I najdolgiot pat pocvit so eden mal cekor!" :)

Анонимен рече...
on 

охридски мислиш? или литературно македонски :) Конфузен си многу со излагањево...

MaG рече...
on 

Не знам зошто сум конфузен. Сакав да кажам дека за нашиот охридски (или струшки) добиваме критики, а никој не добиват критики за србизми/англиканизми/латинизми/грцизми и други изми на места каде постојат прекрасни македонски зборој, и тоа на телевизии, радија, весници, итн. каде се обраќаат на цел народ.
А меѓу другото, охридското наречје е заедно со битолското, прилепското и велешкото основа на литературниот јазик. Само како информација, без желба да ги навредам другите наречја. Сите се наши.

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари