Чудесна кореографија

Можам само да кажам - браво за видеово и тој што го смислил и направил. Како што можев да забележам видеото е турско производсво, ама личи на кинеско(не за лошо - туку за добро), сетете се на сплетовите што ги прават кинезите на нивните стадиони за роденденот на претседателот или републиката (нешто како штафета на младоста кај нас што беше дури беше Тито жив).
Не е битно- забегав со пишење, само гледајте:



Tags: , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Југо - носталгија

На следниов линк можете да најдете доста обемна и сéопфатна приказна за Македонија. Добра статија генерално. Само на крај авторот под ПС., под мотото „крајот делото го гнаси“, ми го расипа целиот впечаток, и тоа тотално, велејќи дека: „Во малку поинаква ситуација, јас би бил првиот кој е за зачувување на комплексното БЈР Име како уставно, затоа што токму тоа име ни го припишува нам целото југословенско наследство, и наследството на неврзаноста, самоуправувањето и одењето авто-стоп на одмор. Единствено ме нервира “поранешноста” - само Југословенска Република Македонија звучи кул.“ Зошто тогаш не би се викале: Бивша Римска колонија Византиска провинција Отоманска провинција Фашистичка територија Српска покраина Југословенска република Македонија? (Да не испуштив нешто?! Дополнете ако има.) Нели, за да го опфатиме целото наследство...

Не знам за вас, ама јас овде го препознавам нашиот најголем проблем со националниот идентитет: Имено, т.н. Југо-носталгија. Знаете, сéуште има т.н. македонци кои повеќе ја сакаат „бившата“ од „сегашнава“. Велат: „Добро ни беше; со Југословенскиот пасош не ни требаа визи за никаде; ние не можеме сами; имавме сé што ни треба....“

Би сакал да набројам неколку од тие работи што ги имавме:
1. Странски кредити и задолженост од околу 20.000.000.000 $ (милијарди);
2. Планска (не пазарна) економија со висока инфлација која стрмоглаво водеше во пропаст;
3. Сé беше во ред: ред за леб (најмногу 2 леба по човек во редот); ред за млеко (исто како лебот); ред за масло за јадење (кога ќе добијат); бонови за бензин; 60% кафе (ако имаш среќа); голема „разноврсност“ на возила - Застава или Лада, и по некоја полска или источно германска; ... да продолжам?
4. Немилосрдно политичко гонење и затворски казни за сите „непријатели на револуцијата“, а првенствено тоа се однесува на македонски патриоти. Македонски патриотски песни најстрого забранети (разговор во УДБА загарантиран минимум), а посакувани тие за партизаните со Тито и Иво Лола и Сава Ковачевиќ итн. Барем такви се пееја на хор;
5. Немање слобода на говор (едно до основните човекови права). Во спротивно – Голи оток;
6. Немање слобода на вероисповест (уште едно) - човек забележан дека оди во црква (не знам за џамија) нема шанси за напредок во кариерата. Воведен е поимот „политичка подобност“.;
7. Има уште многу, ама за крај мојата омилена фраза: „загарантиран личен доход“.

Да скратам: Што е тоа што го имаа и по кое патат? Немање на основните човекови права и основни прехранбени производи. Бог неканет гостин. Мрачно доба.
Но јас не им се лутам на носталгичарите, само сакам да им кажам дека тоа заврши и да ги отворат очите за да ја видат светлината. Светлина од сонценцето.
Made in Macedonia

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Зборувајте Македонски

Веројатно е оваа тема нашироко обработена, ама мој впечаток е дека не е доволно. Ни приближно, зошто сите сме сведоци како нашиот древен јазик во последниве 2-3 децении е посменет отколку во нешто малку повеќе од 5,5 века отоманско (а не турско, и не 5 века, според општо прифатениот термин).

Сега немам намера да докажвам колку е всушност древен и дека не го измислија Кирил и Методиј, тоа е друга тема, туку да ја искажам загриженоста за неговото брзо умирање.
Првенствено тоа е резултат на „англиканизацијата“ и „компјутеризацијата“ на светско ниво; но тоа е само прв очигледен впечаток. Освен техничко-технолошките термини, кои тешко да се преведат, ние прифативме и прифаќаме, за жал, многу термини и од економија, маркетинг, право, политика, па дури, што е најстрашно, и во секојдневието (само неколку примери: јес, кул, топ, чао, океј, чет, мејл, шопинг, џогинг, фитнес, стајлинг, билдинг, ... итн.) Тоа се изрази за да звучиме cool. Други користиме за да звучиме елоквентно, интелигентно, едуцирано и супериорно. Зошто не разговетно, бистро, образувано и надмоќно? А трети од чиста полуписменост.

Се разбира дека некои зборови едноставно немаат превод, на пример огромен дел од техничките изрази (мотор, машина, радио, телевизор, телефон, компјутер,...); за други нема соодветен збор, или пак го зачинуваат јазикот, или се меѓународно прифатени (клишé, дежа ву, гаража, ... чудно како ми текнуваат само француски...).

„Кај лежит зајакот“: Какви книги читаме (на кој јазик)? Од тие преведените на македонски – кој ги преведвит? Шо пишат и како зборват новинарите? Шо кажват телевизиските водители? Како зборват и пишат нашите доктори на науки и професори? Имаме ли јазичари (лектори) и со шо се занимавет тие? Дали од сето ова е пострашно да се користит дијалект?! Барем така ни се обраќат по некој анонимец во врска со нашиот охридски (со примеси од струшки). Зошто имат отпор кон некое наречје, а немат кон странски зборој кои ни го трујат јазикот на начин шо новите генерации немат да ги научат нашите?!

Го поздравувам секое преземање на дејство во насока на потсетвење на македонскиот јазик, или пак учење од почеток за децата кои се опкружени со оваа глобализација. Имат и на телевизија и на радио. Дали вие менвите канал ко ќе налетате случајно на нив?

Која ми е мислата? Во ова клучно време кога нашето име е доведено во прашање, нашата црква не е призната, делумно и јазикот не ни е признат, од сите страни притисоци, па дури и однатре, да се држиме за она што нé одржа низ вековите: јазикот, верата во Бога, обичаите, музиката. Да е трагедијата уште поголема, човек кој добро го владее својот јазик, често е предмет на потсмев наместо на восхит. Ако кажам костум а не одело, или машна а не кравата, на некој му е смешно. Нели?!

П.С. Вчера на радио нé потсетија на акцентската целост. Пр. Горнитé заби, Голô Брдо, Велй петок, бéз малку, и за крај еден струшки: женскá плажа.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Земјата била рамна плоча - најнови докази

Верувале или не, но во 21 век, сеуште постојат "научници" кои тврдат дека замјата е рамна плоча.

Во време кога во орбитата на земјата има толку многу вештачки сателити како послани пешкири на плажа во Градиште на лето, некој од овие таканарешени научници не сакаат или се глупо да ги видат фактите.

Видеово прикаќува телевизиска дебата помеѓе двете "конфронтирани" страни од "научници" на една арапска ТВ станица.

Незнам само од каде сила и волја на човекот што знае и тврди дека земјата е округла, да му објаснува на другиот тупак што мисли дека е рамна. Шо не ке видиш по светов.

Еве ви видео:


Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Internet преку воздушен балон

Според Wall Street Journal, Google ја разгледува можноста за користење на воздушен балон со цел на поставување на безжична мрежа. Се кажува дека Google ќе склопи партнерство или ке ја купи фирмата Space Data, која има технологија за остваривање на безжична мрежа со воздушен балон.

Деталите за тоа како Google ќе ја имплементира оваа технологија не се обелоденети, а технологијата моментално се користи на начин - балонот се пушта во атмосферата со предавател/приемник во непокриените подрачја, при што врши мрежно покривање на 1000 квадратни километри. Еден балон поривал површина колку 40 комуникациски станици (статични примо-предаватели).

И Google и Data Space не даваат никакви коментари за оваа зделка.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Холограм за по дома

Европската компанија Holocube (шуќур што не е јапонска!!!) го претстави холограмскиот проектор со исто име. Ова е првиот комерцијален холограм што е наменет за поширокиот пазар и за луѓе со "средни" џебови.

Уредот е со величина 50 x 50 x 50 сантиметри, а холограмската слика се проектира во него на стаклена површина наклонета под агол од 45 степени поради што се добива илузија на тродиензионалност.

Намената на уредот е за претставување на нови производи и прикажување на тродимензионални реклами. Уредот се спојува со комјутер преку USB, а опремен е и со 40GB хард диск - што е доволно за складирање на податоци за 16 сaати тродимензионална содржина.

А ценатa е изгор(барем за мене) - мин. 6000 евра.

Па ако сакате да се мангубите на вашите пријатели и бизнис партнери за сите овие пари, ево ви го линкот, и повелете - купете го: Holocube.

Technorati Tags: , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Олимписките игри во Пекинг

Oсвои 2 авионски карти со сите платени трошоци за Олимписките игри во Пекинг

Се што треба да направиш е да ја погледнеш сликата подолу и да одговориш 5 едноставни прашања а потоа да ги пратиш одговорите на Меѓународниот олимписки одбор.

Е па ај, покушајте. еве ги прашањата:

1. Кој ученик изгледа уморно/поспано?
2. Кои двајца се близнаци?
3. Кои две се близначки?
4. Колку има машки, а колку женски ученици?
5. Кој е учителот/учителката?


Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Безбедноста во Скопје

Се одлучив, наместо коментар внатре во приказната на Menager guru како бил ограбен, да се обратам пошироко. Гуру, мое сочувство. Целиот случај е страшен и неверојатен; па нели живееме во „оазата на мирот“?! И тоа среде главниот ни град, во Карпош!


Е па драги мои, добредојдовме во големиот капиталистички град. Потребно ќе нй е многу време да се навикниме дека капитализмот ги поларизира луѓето според богатството – ќе има богати и супер богати, ама и сиромашни и ептен сиромашни. И богатите ќе се богатат, а сиромашните ќе доосиромашат. (Ние само да се надеваме дека и овде ќе има средна класа, и дека ние ќе сме таа. Нели, златна средина.) А тука некаде ќе има и крадци и џепароши, грабачи и киднапери, обивачи и обирачи ... Ги има во сите големи градови.


Во прилог на теоријава: Имам еден другар во Лондон кој неодамна беше ограбен. Дома му обиле и разграбале сé што е вредно. Сред бел ден, зошто предградијата тогаш се речиси празни додека нивните жители се на работа „в град“. Ама нејсе, ми вели, осигурено е сé од кражба, зошто ако ниеднаш не те имаат ограбено – не си прав Лондончанец. Тоа е нивно секојдневие. Исто е и во Њујорк. И каде сé не. Е сега, ние сме далеку од овие градови по други работи, ама истово нé чека и нас.


Ама од приказнава на нашиов гуру ме разочара еден дел: не отишол во полиција зошто ќе му се смееле. Јас би очекувал да има приказна ако се случило нешто како: - Бев во полиција и ми се смееја!... Ама зошто однапред предавање? Барај правдина. Во химната имаме стих дека се бориме за своите правдини. Да не бидиме малодушни, со нашите стари предрасуди. Дека не нé бива, дека од нас држава не бива. Да си дајме шанса, да имаме верба во себе, конечно - да се разбудиме! И таква песна имаме: „Народе македонски, со какви идеи си ти? Доста веќе, разбуди се, свести се не спиј ти...“ Не сме од вчера – напротив! Ние сме лулка на цивилизацијата, зародиш на христијанството, писменоста, ренесансата. Ние сме мал народ, ама Велик!



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Видео за плачење

Ко ќе го гледам видеово (подолу) не ми се смејт, ми се плачит, Шо љуѓе имат по светов, а камоли сите тие пари шо ги земет за ништо. Момево е кома, глупа, глупа невидено. Алал и вера мозокон ко аналгин апче и е, само црта насредина имат, а одоколу мазно - шо да ви кажам - ганц нов - некористен.



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Yang - за одбивањето на Microsoft

Како што знаете Yahoo ја одби понудата од Microsoft за купување на компанијата. Главниот извршен директор Jerry Yang(CEO) во писмото пратено до акционерите на Yahoo покушал да ги објасни причините за одбивањето на иницијативата на Microsoft за купување на Yahoo, чија понуда ја смета за премала.

Првата причина е приликата на компанијата Yahoo да заземе значаен дел на пазарот на интернет огласување и на тој начин ја подигне цената на акциите (прочитајте како тоа го направи Google). Проценува дека пазарот на акции ке порасне за 45 милијардо долари(алал им вера  ) во следната година, а до 2010 до 75 милијарди долари.

Другата причина е јачината на брендот Yahoo, - страниците на порталот месечно ги посетуваат 500 милиони корисници, што во секој случај значи многу прочитани реклами. Компанијата соработува и со web издавачите како Comcast и eBay, а воедно и со преку 600 други интернет весници. Yang ги спомнал и сопственици на голем дел од Yahoo Japan, а воедно и кинеската интернет компанија Alibaba.

Другата страна на приказната е големиот притисок на институционалните акционер, т.е. фондови, кои го имаат поголемиот дел од акциите на Yahoo.
Поголемиот дел од нив не е за подигање на вредноста на компанијата од едноставна причина – 90% од тие акционери има свој дел и во Microsoft, кој во повеќе случаи е поголем од нивниот дел во Yahoo.
Од таа причина тие не сакаат Microsoft да го преплати Yahoo, и сметаат дека понудата не смее да биде поголема од 35 долари за една акција

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Математички доказ за Бог

Можеби религија + астрономија изгледат чуден спој, ама еден американец, кој во најмала рака можам да го наречам чудак, Sollog Immanuel Adonai-Adoni, инаку роден како John Patrick Ennis, ги имат обединето во своето интригантно дело: Формулата на Творецот: Математички доказ за Бог (во оригинал: “Creator’s Formula: Mathematical Proof of God”).

Таму ги имат пресметано орбитите и обемите на сите нам познати планети, плус на три други – едната е астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер (експлодирала?!), другата е исто непостоечка зошто се судрила со една од своите месечини – другата е Плутон, а третата е најоддалечената која не е откриена зошто е многу далеку. Е па вака: ова типчево „Божја светлина“ велит Плутон не е планета, и постоит неоткриена планета чија орбита ја имат пресметано според тие формулите, и дека ко ќе се откријат на точна оддалеченост како што тој пресметал, то ќе бидит доказот дека се формулите точни.


Инаку формулите се засновани на, сега ќе погодите, религија. И то на сите најзначајни светски религии по малку. Основата на формулите се: 1. димензии на коцка (6, 8 и 12, во облик 0,6812), која е свет облик во Јудеизмот; 2. број на денови во годината (365,25); 3. милја, која пак е заснована на стапка (foot) – мерка „дадена од Бога“, зошто човекот е Божје дело, а стапката дел од тоа дело; 4. бројот 100, кој е свет во Будизмот, Христијанството, Хиндуизмот, па дури и во Грчката митологија... Значи Бог е присутен како автор во сите религии. Таму ни давал на сите делчиња од доказот. Ко ќе видите колку се прецизни формулите, а вистинските резултати му се преземени од најпрецизните мерења на NASA, ако не ве натерат да повервите, барем ќе ве замислит. Дури имат најдено и мала грешка во резултатите од тие мерења (~0,02%), што тој велит е заради несовршеноста на мерните инструменти. Гулп! Таква математичка прецизност на големината и распоредот на планетите во Сончевиот систем не дават простор за случајност – морат да е вмешана виша интелигенција во создавањето на целиот систем. Sollog велит дека после таков доказ за постоењето на Бог Творецот немат да имат потреба од вера и религија. Бог, едноставно, постои!Е сега за доказите: ако се сеќавате, пред 2-3 години, од страна на некоја светска организација на астрономи, Плутон е официјално прогласена дека..... НЕ Е ПЛАНЕТА. Остана уште вториот доказ. Да се откријат најоддалечената планета на орбитата што е пресметана. А успат онака ноншалантно велит формулана од Einstein E=m*c2 не е апсолутна, туку ќе била преработена за случаи во близина на „црни сонца“.


Малку за Sollog: како доказ дека е „гласник испратен од Бога“, имат објавено многу претскажувања, од кои многу веќе се остварени. То можит да се најт во многу написи, а збирка на тие имат на http://www.sollogs.com/.


А крунскиот доказ, по негово кажвење, се содржит во третата тајна од Фатима, која Богородица му ја кажала на едно девојче во 1917 г. кај местото Фатима во Португалија. Знам, имат една книга со таков наслов, ја прочитав, ама околу таа трета тајна се е измислено, фикција. Sollog кажвит дека третата тајна, за која Богородица рекла да се откријат на светот на точно одреден датум, е: Тој датум е денот ко ќе се родит „’гласникот’ кој ќе го донесит крајот на папството“ – симболика на крајот на религиите. На тој ден се родил јунакот на приказнава Sollog. А тајната ја чувале во Ватикан. Ви теквит зошто ја немаме слушнато? Друг доказ дека тој е „живиот збор на Бога“, ќе бидит остварувањето на неговите пророштва за големи земјотреси во Мека-Рим-Ерусалим.


Целава приказна личит по малку на Ден Браун, само за разлика од него, Sollog имат позитивен став кон Бог. И ако барем малку ве интересират астрономија, ви гарантирам дека е супер интересно.


Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Dark Капруш - црн леб - комбинација

Пред некој ден, т.е. вечер, некаде околу 8 часот, ме пуштија од дома да купам леб. Ми порачаја обавезно црн да бил затоа што моите се големи приврзаници на здрава храна (или обоена :) во овој случај). И си тргнав јас да го купам тој лебот во најблиското продавниче, ама тамо да ти немало црн, па отидов во другото продавниче - па исто. И што да правам, продолжив понатаму по мојата населба (Карпуш 4) да си го "барам лебот".

После неколку покушаи во разни продавничиња без успех, решив да одам до тинекс во Карпуш 3 зошто од поверливи извори (еден газда од продавничињата попатни) ми кажа дека таму секогаш имало. Добро, си реков, нема проблем, ке прошетам малце.

Но, некаде при средината на моето патешествие низ Карпуш 4 увидов дека ниедна улична светилка (од средина на Карпуш 4, па до крајот на Карпуш 4, кај што застануваат последна 19ка и 15ка) не свети. Мркли мрак. Почна да ме фаќа страв дека нешто се случува, ама веднаш после таа мисла си поврзав со нашите електро компании и претпоставив дека немаат платено струја нашиве Карпуш 4 застапници во власта, па си продолжив понатаму посмирен (и самоубеден сум во скоро централна градска територија каде има народ и секако полиција ).

За да скратам малце од патот и да не одам по Партизанска по тротоар, и зошто сум си голем јунак и "покровител" за движење по темница, продолжив по едно уличе што ги поврзува Карпуш 4 и Карпуш 3 (кај салата Партизан). И тамо - мркли мрак што да ви кажам.

Кога, од од позади мене(случајно погледнав наназада кој ме прати) се затрча едно суштество ниско колку мојата половина, со големи раменици и цигаре во едната рака и нешто како нож во другата(висок сум иначе околу 180 цм) . Почна да вика:
- "Стој бе, не бегај, ке кољам".

Ај, си реков, да му помогнам да не се мачи суштествово да трча зашто ми изгледаше како мачене и збифтање отколку на трчање - застанав. Кога се доближи до мене видов дека е црно човече - циганче, и видов дека вистина имаше некој бодлец во едната рака, се подуплашив малце(не многу зошто сум "голем јунак") и го прашав што сака. Суштеството ми рече дека сака да му ги дадам парите, и зошто сум пацифистички настоен и антиекцес тип - го прашав колку пари сака. Ми рече да му дадам 20 денари и ќе ме пуштел да си одам. Добро, си реков - ефтино, бркнав в џеб и му дадов 50 денари. Му светнаја очињата. Дури и фала ми рече, ми рече и дека кога ке сум поминувал повторно оттука ке ме штител од други.

Хм, "зарем има и други" - го прашав.
- "Да бе" - рече, "Ние овде оператираме" (мислеше на оперираме ваљда).
- "А не се плашите од полиција?" - му реков,
- "Не бе, ние сме мафија!, тие бегаат од нас" - ми одговори.
- "Добро" - си реков во мене, браво за градов и градската управа што му дозволиле на ваков тип на пари печалници да рекетираат граѓани што купуваат леб.

Го поздравив суштеството и си продолжив по патот (по уличето), кога малце подоле пред да излезам од уличето ме пресретна човек - циган висок колку мене и ме праша "дали сум му дал на брат му парите". Еeee веќе почна страв да ме фаќа.
- "Да!" - реков.

Човекот ме поттурна и ми рече да почекам, извади мобилен, се јави нагде (ваљда на брат му ), направи муабет на цигански, после разговорот се насмеа и ми рече дека сум слободен.

Слободен, ебатте слободата, двајца цигани во рок од 5 минути, без никаков стам, страв или што и да е, и то "оператиравци" на територија меѓу Карпуши ме застануваат и еден ми зема пари, друг ме контролира. А си тргнав само ЦРН леб да си купам, ебате среќата.

Продолжив по патот, си го купив лебот и си се вратив дома по Партизанска (каде е светло до негде, пу пу).

Ми дојде недоумица(откога се свестив што ми се случило) како да постапам:

1. Дали да го пријавам случајот во полиција (зарем за 50 денари - ќе ми се насмеат и толку!!!)
2. Да го тужам градот зошто остава мрак улици навечер па да зеам милјонче или повеќе, исто како во Америките што земаат за глупости (убава идеја ама незнам дали ке ја бива кај нас),
3. Да си купам пиштол (во време кога модерно е депиштолизација - нема да сум модерен) и
4. Да го обновам моето знаење во карате(имам црвен појас во карате :) во трето оделение - има поминато едно 25 години од тогаш), па да си се бранам со ризик да подзагинам.

Ништо, си реков, ќе напишам блог па нека ми одговорат моите читачи со коменатари. Можда ќе дадете идеја за следен ваков случај, зошто циганите се валда сеуште тука, а јас кружам отсега па натаму одоколу зошто таму "не сум баш слободен, во нашава слободна држава".

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Нивото на Охридско Езеро

После викендот во Охрид, и прошетката покрај нашето езеро, видов нешто необично и ретко.

Прво, не знам колку сте запознати со Охридското езеро, ама мислам дека има минимум што секој македонец треба да знае за него. Дека е тектонско, едно од најстарите во Европа и дефинитивно најдлабоко, дека е природен музеј на ендемични растителни и животински видови, заштитен од UNESCO. Се надевам дека од сето ова не сме генерално запознати само со пастрмката и тоа како на сликата.

Понатаму, езерото истекува преку Црн Дрим се до Јадранско море (некои милуваат да кажат дека „реката истеквит во Св.Наум, и течит низ езеро – се гледат и од авион“). Без разлика како е, на истекот од реката и понатаму по течението има неколку брани за регулирање на нивото на реката и вештачкото Глобочичко езеро, заради хидроцентралата, ама и заради биолошкиот минимум за опстанување на живиот свет во реката и во езерото. Со тоа воедно се менува и нивото на Охридско езеро.
Сега, што ми беше идејата. Викендов нивото на водата во езерото беше многу ниско. Се зачудив зошто никаде по весници и телевизии немат ништо, никаква осуда на владата од типот „им ја пуштија водата во Албанија“, „Албанија е во енергетска криза“ па со водата од езерото им помагаме. Јас имам два заклучоци плус една информација за вас:

1. Зарем мислите дека Црн Дрим е барем приближно моќен како Нил па да може да го реши енергетскиот проблем на Албанија? Секако не. Сите тие обвинувања беа смешни. За да нема забуни, нивото на Охридско езеро никогаш не било пониско од минимално дозволеното! Барем не во моментите кога нечии политички цели беа остварувани преку пропаганда. А за пропаганда прочитајте овде.
2. „Од извори блиски“ до управата на хидроцентралата, дознав дека ниту еден новинар никогаш не ги прашал за нивото на езерото, иако е логично прво да се прашаат тие што го регулираат пред да се критикува и напаѓа во своевидна измислена паника.
3. Од истите извори дознав дека во моментов нивото на Охридско е 5cm пониско од тогаш кога обвинувањата и „паниката„ беа најжестоки. И сеуште не е под минимумот. Нели е чудно што сега нема напади и обвинувања? А и добро е што е така, зошто дури и сега нема причина.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Сите сакет да се милионери

Ево ви уште еден пример за иден амерички милионер(т.е. имал желба). Ова е "чифтосано" дирекно од телевизија од американскион квизззз - Милионер. Кај нас немат вакви човеци - се надевам, ама и ак имат Трендо одма ке му шепнит под маса за да не се резилит пред "милјонската" публика наша.

фрејм прв:

фрејм втор (приметите го гласањено од публиката):

фрејм трет и конечен:


Technorati Tags: , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Размена на линкови

Доколку имате блог или веб-сајт, повелете да размениме реципрочни линкови. Јавете се по е-пошта или преку коментари на овој пост. :-). Вашиот линк ке го додадеме во секцијата Пријателчиња.

Technorati Tags: , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

СТЕЧАЈЦИ

Денојве, ко и многупати досега, центарот на Скопје е блокиран. Вчера полошо, денес не толку... Утре, не знајме. Мислењата и чувствата се поделени: некој ги поддржвит, некој се жалит дека не можит да си завршит работа, друг дека се во право, трет дека не смеат да го попречват нормалниот живот, петти дека му е смачено од нив, а секогаш имат и луѓе без мислење, рамнодушни. Јас би рекол, освен последниве, сите се делумно во право. Ај да речиме скоро сите имаме осетено на своја кожа или во семејството шо значит стечаец, или технолошки вишок, или отпуштен, или никогаш невработен. За жалење сме, цел народ, шо имаме поминато.

Туку, мене ме испровоцира друго нешто: Кој е критичарот на нерешената ситуација со стечајците?! Од разни вести слушам / читам:
СДСМ бара итна собраниска седница за стечајците;
СДСМ предлага закон за стечајците;
Лидерката Шеќеринска и порача на владата да го реши проблемот......

Ха, ха, ха! И, во исто време, БЉАК! Наеднаш сега загриженост!? Па кој ги напрај нив стечајци? Кој ги затвори сите тие фирми, кој ги испокраде, кој не само што не вработи (освен сопартијци и роднини) туку и ги избрка „тие што биле примени во последната година пред изборите“, кој се закани со бркање од работа ако гласате на референдум, кој ги одзеде 8-те проценти од пензиите, кој ги зеде милионите од ТАТ, кој се „договараше“ со ССМ на штета на работниците......? Кооооој???
Доста лицемерие, доста глумење лудило и правење на „три и пол“ и „пу-пу не важи“, доста правење најпаметни и незаменливи, доста малодушност и себичност, доста сеење раздор и гнасотии! Прекинете веќе еднаш со оваа комунистичка перверзија (види фотос).
Ние НЕ ЗАБОРАЈВМЕ!
Уште еднаш ќе повторам нешто претходно кажано: лесно е да се критикуват – тешко е да се имат подобра идеја, решение, совет. Е па, тие ја имаа својата шанса.

P.S. Со фотографијата немам намера да асоцирам на некоја конкретна личност, ниту некого лично да навредам. Тоа е, инаку, знамето на Кинеската комунистичка партија.

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Tips and Tricks за на лето во Охрид

После поскапвењево и инфлацијава шо е во моментален подем, до налето сигурно доста ќе осиромашите и не ќе имате пари за во Грчка или остали мора. Пошчо ќе морат барем еднаш или двапати да ни дојте во Охрид да ни го загадвите езероно и да потрошите 5 до 10 денари за пченка на плажа - за ние поубо да живејме, еве ви една финта како да си напрајте место на плажине наши закупени - ко ке се преполни.

Финтава е за да си го клајте пешкирчето побрзо и без туркање, и доколку сакате да ја користите да знајте дека е лиценцирана на YouTube од наш согражџанец (можит слободно да ве тужит ак не му платите за користење).



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

ТРОЈНА ФОРМУЛА ЗА ИМЕТО?!

Таман решив еден ден да не гледам ТВ и да го испразнам мозоков од сите (бес)корисни и (не)потребни информации, во обичен разговор слушнав дека Нимиц предложил тројна формула (a2+b2=c2 ???) за нашето име:
1. За тие што нé признале под уставното име;
2. За Грција;
3. За ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Да, да, истиот тој чичко Нимиц шо пред Нова година го угостија во Охрид. Врати ја пастрмката шо ја изеде!
Јас како голем љубител на серијалот Стар Трек, каде нашите потомци Земјани се среќаваат со Вулканци, Андоријанци, Ромуланци, и други ....анци, се замислив: Ако тогаш има некој Нимиц, каква формула би ни зготвил?! „Аман чичко, не помагај ни веќе!“ Помагај им ако сакаш на Грдцине со психијатриски терапии за да го преболат нашето име – МАКЕДОНИЈА. НАШЕ Е!!!

Сега ќе ви дадам за домашно. За да сме целосно начисто во ова, би ве прашал прво вас нешто: размислите кои сте и што сте, а оддесно имат една мала анкета за тоа, дајте го својот одговор, а после ќе напрајме мала анализа.

Се враќаме по рекламите; останете со нас!

Значи, дали сме Македонци или Словени? Двете не можит. Тие шо одговорија под б) се „најслабија карика“ и да си одат дома. Ако сме Словени (ко шо рече прв јавно пред светот Киро, уста го болела), немат шо да бараме ние име Македонија. Не можиме во исто време да се гордејме шо Свети Павле од цела Европа прво дошол во Македонија и нé покрстил, и да кажвиме дека сме Словени и сме дошле овде во 6-ти век. Тогаш Грдцине се во право.
Ако пак сме Македонци, а сме, да ја заборајме веќе еднаш големата измислица дека зад Карпатите имало непресушен извор на Словени, па се растуриле по цела источна Европа и дел по Азија, и нам ни се паднала Македонија – дел од Грција. Ха! Каква смешка! Нели е многу пологично, поверно, и на крај повистинито, дека Македонците не испариле, ниту пропаднале в земја, ниту некој ги испотепал сите, или пак чума ги изела. Туку по конечниот пораз од Римјаните (кои шо вистински се намачиле да нé освојат, ама сите нивни освојувања би ја немале посакуваната величина без покорување на највеликото познато царство. Истото важит и за сите подоцнежни освојувачи на овие простори.) голем дел од нашите предци избегале, и тоа најверојатно во голем дел старци, жени и деца, слично на егзодусот 1946-1949 г. од Егејска Македонија. И дека после векои во туѓина, нивните правнуци се вратиле на својата земја, на онаа на нивните прадедовци кои, навечер покрај огнот, им раскажвеле за нивното потекло, за нивното царство и велики цареви, за времињата кога го покориле светот. Зар вие не би посакале да си се вратите? А шо нашле таму? Дури и да сакат некој да ги наречит тие „доселеници“ Словени, кои јас би ги нарекол повратници, дали тие пристигнале на празна ненаселена земја? Кај биле Македонците? Кај се сега?!

Голема и широка е темава, туку да скратам. Пред неколку дена во Шчо прочитафме напишав неколку имиња како поттик да прочитате нешто нивно. Накратко: Т.Белчев, Т.Бошевски, А.Тентов, Н.Проева. Сега ќе го предложам најпознатиот археолог Паско Кузман, нашиот Охриѓанец, Голем Македонец. Господ да му дајт сила и здравје и ум, да си ја довршит мисијата – да дооткријат од под земја кои сме, и да му покажит на светот.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Балкански шпијун

Сликава зборвит сама за себе. Се надевам дека не се имате најдено самите во слична ситуација барем за еден од ликојте.

(кликни за поголема на сликата)


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Заjедно смо јачи

Сликата e "чифтосана" во една кафана пред 2 - 3 дена во "чекалната" пред WCто.
Дали кафаната е спремна за реновирање или ова е само неодлучност во определбата на сопствениците - просудете сами.

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Прилог кон претходниот напис

Како мал додаток на претходниот напис: таму го споменав глушецот и неговиот краток живот. Е па за така краток живот, заслужвит да се провеселит малку. Алал да му е на тој шо го смислил и реализирал ова. Покрај другото, ова е одличен забрзан курс (краш корс) по наркоманија, односно по начинот на делување на најчестите дроги на денешницата врз мозокот и како тие прават корисникот да се чувствуват "high". Знам дека е можно веќе да го имате видено ова на он.нет, ама некако ми се вклопи во претходниот напис ко клуч во брава.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Нашиот господар - Далечинскиот управувач


Сигурно сте забележале колку сме сите денес зависни од телевизијата. Можеби не опседнати, но трошиме голем дел од нашето драгоцено време покрај телевизор. Знаете ли колку е животот краток и драгоцен? Го цените ли доволно? Знам една мисла од некој умен човек: Сите постојано се жалат колку е животот краток, а речиси целиот живот само „убиваат“ време.
И притоа, ако веќе не можеме да живееме без неа, што гледаме и колку? Познавам многумина кои само „сурфаат“ по каналите до бескрај. „Никогаш нема ништо!“ Тоа и јас сакам да ви го кажам. Нема ништо. Само илузија. Се разбира има и многу информации. Но, информациското загадување е веројатно поголемо од она на природата; тоа нй влегува и дома. Сепак, живееме во време кога луѓето се зависни од информации. Мора да се прими дневната доза. Ако е веќе така, би сакал да се прави добар избор на видот на информации кои „мора“ да се примат.

На пример денес гледав документарец (и јас не сум имун, се разбира) за тоа како секое живо суштество има однапред определено ограничен живот. Вилинското коњче има само еден ден. Глушецот две години. Слонот 70. И човекот е тука некаде. Но не сите го доживуваат животот со иста брзина. На пример на глувчето срцето му чука околу 650 пати во минута; нему сигурно денот му изгледа како нам една недела. Но и на луѓето им „минува“ различно. Повозрасните се забавени, па и нивната перцепција за времето е поинаква од таа на помладите, и тоа заради различната брзина на биоритамот. Тие веќе почнуваат да го ценат времето кое им преостанува и не го губат на неважни работи. Не ги ни паметат неважните работи кои не можат да ги заобиколат нивните животи.

Дали можам да се надевам дека, од толку информации секој ден, барем дел од помладите ќе наидат на ваква информација? И дека ќе извлечат поука?! Дека ќе почнат да го ценат своето драгоцено ограничено време на земјава. Дека нема веќе да го „убиваат“. Почнете вие: спортувајте, одете на концерт, направете излет во природа, засадете дрво, посетете некој болен или стар роднина / пријател, помогнете на некоја вдовица, слушнете ја песната од вашето дете, згответе убав здрав ручек, прочитајте добра книга. Изборот е бесконечен. Не допирајте го далечинскиот управувач на телевизорот еден ден; и тоа е почеток! Еве јас ќе бидам прв – денес не гледам ТВ.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

 

Последно од Охридскион

Последни коментари