Нивото на Охридско Езеро

После викендот во Охрид, и прошетката покрај нашето езеро, видов нешто необично и ретко.

Прво, не знам колку сте запознати со Охридското езеро, ама мислам дека има минимум што секој македонец треба да знае за него. Дека е тектонско, едно од најстарите во Европа и дефинитивно најдлабоко, дека е природен музеј на ендемични растителни и животински видови, заштитен од UNESCO. Се надевам дека од сето ова не сме генерално запознати само со пастрмката и тоа како на сликата.

Понатаму, езерото истекува преку Црн Дрим се до Јадранско море (некои милуваат да кажат дека „реката истеквит во Св.Наум, и течит низ езеро – се гледат и од авион“). Без разлика како е, на истекот од реката и понатаму по течението има неколку брани за регулирање на нивото на реката и вештачкото Глобочичко езеро, заради хидроцентралата, ама и заради биолошкиот минимум за опстанување на живиот свет во реката и во езерото. Со тоа воедно се менува и нивото на Охридско езеро.
Сега, што ми беше идејата. Викендов нивото на водата во езерото беше многу ниско. Се зачудив зошто никаде по весници и телевизии немат ништо, никаква осуда на владата од типот „им ја пуштија водата во Албанија“, „Албанија е во енергетска криза“ па со водата од езерото им помагаме. Јас имам два заклучоци плус една информација за вас:

1. Зарем мислите дека Црн Дрим е барем приближно моќен како Нил па да може да го реши енергетскиот проблем на Албанија? Секако не. Сите тие обвинувања беа смешни. За да нема забуни, нивото на Охридско езеро никогаш не било пониско од минимално дозволеното! Барем не во моментите кога нечии политички цели беа остварувани преку пропаганда. А за пропаганда прочитајте овде.
2. „Од извори блиски“ до управата на хидроцентралата, дознав дека ниту еден новинар никогаш не ги прашал за нивото на езерото, иако е логично прво да се прашаат тие што го регулираат пред да се критикува и напаѓа во своевидна измислена паника.
3. Од истите извори дознав дека во моментов нивото на Охридско е 5cm пониско од тогаш кога обвинувањата и „паниката„ беа најжестоки. И сеуште не е под минимумот. Нели е чудно што сега нема напади и обвинувања? А и добро е што е така, зошто дури и сега нема причина.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

4 коментари to “Нивото на Охридско Езеро”
Menager Guru рече...
on 

Za ezerovo imas greska, ne e glesersko tuku e tektonsko, edno od trite najstari na svetov, staro megju 3 i 10 milioni godini, zaedno so bajkalsko i tanganjika vo afrika

Анонимен рече...
on 

ako si od Ohrid sramota e da zgresis vakva rabota :)

Pozdrav

GoodBytes рече...
on 

Езерото е од терциер, висок степен ендемични форми има бидејќи толку долго време е затворен екосистем, а неговата старост, некаде имам исто најдено како податок, е меѓу 20 и 40 милиони години.

Друг интересен податок е дека температурата на водата е постојана, и изнесува 6.2 степени. Се менува само температурата на површинскиот слој, неколку метри длабочина.

И последен интересен податок е дека Охридското Езеро има најпровидни води во светот - 20 метри провидност. Повеќето езера имаат едвај метар - два провидност.

(очигледно и јас сум до Охрид)

Анонимен рече...
on 

Најинтересен податок е дека големо внимание привлече една грешка. Податоците за езерото се само нафрлени набрзина без мислење. То шо сакав да го кажам е под 1. 2. 3. а то е дека нивото се користит во политички цели, а не потеклото, ни температурата, и не ендемичните сунѓери. Па шо мислите за то?
А дека е тектонско, ево му го сменав на гуруво да не се љутит. Е сега, ако ви е поинтересно она другото, напишите вие нешто, ќе ви се објавит овде.

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари