Тоше Проески на Златно Славејче од 1992, видео на: Video Macedonia
Вистината за Македонија
MaG , вторник, 16 декември 2008 г.Не знам колкумина од вас веќе налетале на ова видео наречено: Видеото кое ја шокира Грција, ама не можев да одолеам а да не го ставам овде. Се надевам дека немат да го тргнат како претходното со прашањето: Што бил Александар? - од квизот. Е па кликајте на видеото...и обратете внимание на зборовите на жената - грчки археолог.
За успешно разбирање на содржината - задолжително познавање на англиски.
Thumbs high !!!
Technorati Tags: Македонија, Грција, спор за името, Охрид, Macedonia, FYROM, Greece, Alexander the Great, ancient Macedonia, Makedonija, Grcija, spor za imeto, Ohrid, ancient Greece, name dispute, arheologija, istorija, Aleksandar Makedonski, Filip II, Egejska Makedonija
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Југо - носталгија
MaG , понеделник, 25 февруари 2008 г.На следниов линк можете да најдете доста обемна и сéопфатна приказна за Македонија. Добра статија генерално. Само на крај авторот под ПС., под мотото „крајот делото го гнаси“, ми го расипа целиот впечаток, и тоа тотално, велејќи дека: „Во малку поинаква ситуација, јас би бил првиот кој е за зачувување на комплексното БЈР Име како уставно, затоа што токму тоа име ни го припишува нам целото југословенско наследство, и наследството на неврзаноста, самоуправувањето и одењето авто-стоп на одмор. Единствено ме нервира “поранешноста” - само Југословенска Република Македонија звучи кул.“ Зошто тогаш не би се викале: Бивша Римска колонија Византиска провинција Отоманска провинција Фашистичка територија Српска покраина Југословенска република Македонија? (Да не испуштив нешто?! Дополнете ако има.) Нели, за да го опфатиме целото наследство... Tags created with Ukion Tag Generator
Не знам за вас, ама јас овде го препознавам нашиот најголем проблем со националниот идентитет: Имено, т.н. Југо-носталгија. Знаете, сéуште има т.н. македонци кои повеќе ја сакаат „бившата“ од „сегашнава“. Велат: „Добро ни беше; со Југословенскиот пасош не ни требаа визи за никаде; ние не можеме сами; имавме сé што ни треба....“
Би сакал да набројам неколку од тие работи што ги имавме:
1. Странски кредити и задолженост од околу 20.000.000.000 $ (милијарди);
2. Планска (не пазарна) економија со висока инфлација која стрмоглаво водеше во пропаст;
3. Сé беше во ред: ред за леб (најмногу 2 леба по човек во редот); ред за млеко (исто како лебот); ред за масло за јадење (кога ќе добијат); бонови за бензин; 60% кафе (ако имаш среќа); голема „разноврсност“ на возила - Застава или Лада, и по некоја полска или источно германска; ... да продолжам?
4. Немилосрдно политичко гонење и затворски казни за сите „непријатели на револуцијата“, а првенствено тоа се однесува на македонски патриоти. Македонски патриотски песни најстрого забранети (разговор во УДБА загарантиран минимум), а посакувани тие за партизаните со Тито и Иво Лола и Сава Ковачевиќ итн. Барем такви се пееја на хор;
5. Немање слобода на говор (едно до основните човекови права). Во спротивно – Голи оток;
6. Немање слобода на вероисповест (уште едно) - човек забележан дека оди во црква (не знам за џамија) нема шанси за напредок во кариерата. Воведен е поимот „политичка подобност“.;
7. Има уште многу, ама за крај мојата омилена фраза: „загарантиран личен доход“.
Да скратам: Што е тоа што го имаа и по кое патат? Немање на основните човекови права и основни прехранбени производи. Бог неканет гостин. Мрачно доба.
Но јас не им се лутам на носталгичарите, само сакам да им кажам дека тоа заврши и да ги отворат очите за да ја видат светлината. Светлина од сонценцето.
Made in Macedonia
Technorati Tags: Ohrid, ohridskion, ohridski blog, Makedonija, spor so imeto, imeto, nostalgija, Jugoslavija, makedonski, Охрид, охридскион, охридски блог, спор со името, името, носталгија, Југославија, македонски
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
ТРОЈНА ФОРМУЛА ЗА ИМЕТО?!
MaG , вторник, 5 февруари 2008 г.
Таман решив еден ден да не гледам ТВ и да го испразнам мозоков од сите (бес)корисни и (не)потребни информации, во обичен разговор слушнав дека Нимиц предложил тројна формула (a2+b2=c2 ???) за нашето име:1. За тие што нé признале под уставното име;
2. За Грција;
3. За ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Да, да, истиот тој чичко Нимиц шо пред Нова година го угостија во Охрид. Врати ја пастрмката шо ја изеде!
Јас како голем љубител на серијалот Стар Трек, каде нашите потомци Земјани се среќаваат со Вулканци, Андоријанци, Ромуланци, и други ....анци, се замислив: Ако тогаш има некој Нимиц, каква формула би ни зготвил?! „Аман чичко, не помагај ни веќе!“ Помагај им ако сакаш на Грдцине со психијатриски терапии за да го преболат нашето име – МАКЕДОНИЈА. НАШЕ Е!!!
Сега ќе ви дадам за домашно. За да сме целосно начисто во ова, би ве прашал прво вас нешто: размислите кои сте и што сте, а оддесно имат една мала анкета за тоа, дајте го својот одговор, а после ќе напрајме мала анализа.
Се враќаме по рекламите; останете со нас!
Значи, дали сме Македонци или Словени? Двете не можит. Тие шо одговорија под б) се „најслабија карика“ и да си одат дома. Ако сме Словени (ко шо рече прв јавно пред светот Киро, уста го болела), немат шо да бараме ние име Македонија. Не можиме во исто време да се гордејме шо Свети Павле од цела Европа прво дошол во Македонија и нé покрстил, и да кажвиме дека сме Словени и сме дошле овде во 6-ти век. Тогаш Грдцине се во право.
Ако пак сме Македонци, а сме, да ја заборајме веќе еднаш големата измислица дека зад Карпатите имало непресушен извор на Словени, па се растуриле по цела источна Европа и дел по Азија, и нам ни се паднала Македонија – дел од Грција. Ха! Каква смешка! Нели е многу пологично, поверно, и на крај повистинито, дека Македонците не испариле, ниту пропаднале в земја, ниту некој ги испотепал сите, или пак чума ги изела. Туку по конечниот пораз од Римјаните (кои шо вистински се намачиле да нé освојат, ама сите нивни освојувања би ја немале посакуваната величина без покорување на највеликото познато царство. Истото важит и за сите подоцнежни освојувачи на овие простори.) голем дел од нашите предци избегале, и тоа најверојатно во голем дел старци, жени и деца, слично на егзодусот 1946-1949 г. од Егејска Македонија. И дека после векои во туѓина, нивните правнуци се вратиле на својата земја, на онаа на нивните прадедовци кои, навечер покрај огнот, им раскажвеле за нивното потекло, за нивното царство и велики цареви, за времињата кога го покориле светот. Зар вие не би посакале да си се вратите? А шо нашле таму? Дури и да сакат некој да ги наречит тие „доселеници“ Словени, кои јас би ги нарекол повратници, дали тие пристигнале на празна ненаселена земја? Кај биле Македонците? Кај се сега?!
Голема и широка е темава, туку да скратам. Пред неколку дена во Шчо прочитафме напишав неколку имиња како поттик да прочитате нешто нивно. Накратко: Т.Белчев, Т.Бошевски, А.Тентов, Н.Проева. Сега ќе го предложам најпознатиот археолог Паско Кузман, нашиот Охриѓанец, Голем Македонец. Господ да му дајт сила и здравје и ум, да си ја довршит мисијата – да дооткријат од под земја кои сме, и да му покажит на светот.
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Шчо прочитафме?
MaG , среда, 30 јануари 2008 г.Во центарот на написов е просечниот македонец; Тебе ти се обраќам: Шо прочита ти во последнава година? Кои и какви и чии книги, списанија, написи, колумни... Намерата не ми да се расправам, туку да те прашам. Не да ти давам совети, туку да те поттикнам сам да размислиш, да се анализираш, да си одговориш. Дали си и ти меѓу оние шо го читаа Ден Браун или некоја друга светска завера? Или некоја петпаречка психологија за успехот и позитивното мислење? Или пак некој сосема поинаков „светски бестселер“? Или се интересираше само за спорт? Си купи Фокус да видиш кој колку украл и кај ги скрил? Или читаше оннет и идивиди: Шо напрајле Бритни и Парис, шо било здраво а шо не, кој каква смешка напрајл, кој со кого раскинал, шо ви предвидват ѕвездите за следната недела? Време и Вест? Да не те мрзеше да читаш па гледаше филмој?!
Да ти кажам шо ме поттикна да го напишам ова: имат многу приказни со различни луѓе, не сите учени и паметни, ама имат и такви за чудо. Е арно ама, шо значит „паметни“? Па да почнам со приказните, а ти ако знајш некоја дополни ме.
Приказна прва
Пред некое време еден многу близок чоек сакаше да го споделит со мене неговото тазе откровение – осознавање на светот, неговиот поредок и светските завери од памтивек. За Исус и неговите потомци. За заверата со жените. Да не должам, лесно се препознаваа зборојте на авторот на светскиот „бестселер“. Јас имав само едно прашање за него: ја имаш прочитано Библијата? Или барем само Новиот завет? Ќе погодите шо ми одговори. Зарем мојт вистината да се црпит од некоја книга од некојси, без да се имат прочитано изворот на вистината? Без да се имат со шо да се споредит. Без патоказ. Без доказ. Преку искривени факти и манипулирање со логиката.
Приказна втора
Еден колега од работа прочитал некоја книга, а гледал и ФИЛМ (пази, то е многу јака работа, зато со големи букви го напишав), па според него Светиот архангел Гаврил – Божјиот гласник, соопштувачот на добрата вест за зачнувањето на пресветата мајка, и на многу други убави вести од Бога за човекот, е тој бил „Црниот ангел“, „Избрканиот од рајот“, „Паднатиот“. Па човече Божји, му викам јас, тој е Луси. Сатаната. Нечестивиот. Требит да нацртам шо го прашав?! За секој случај ќе наведам неколку прашања: Кога ја прочита Библијата? А знајш шо е апологетика? А си отворил некогаш wikipedia.org? Или некоја друга педиа? Па се подразбират дека не, ништо такво; една книга прочитал и гледал филм. Многу е и толку.
Приказна трета
Другар. Стар. Се познаваме како дишиме, шо се велит. Прочитал дека Александар Македонски си го проколнал народот, па зато никако да испливаме. Само тониме подлабоко. А и не се сакаме меѓусебе. Наместо да си помагаме, „да му умрит козата на комшијата“. Општо познат народен фолклор, не знам само зошто мислиме дека некој Швеѓанец или Англичанец ќе му помогнит на комшијата да го искосит тревникот. Туку, да повториме, Александар клетва фрлил и фатила?! Ама имат добра вест: клетвата била за 50 поколенија, и погоди кога завршвит? Во 2012-та година!!! (Или беше 2011-та? Морат да проверам.) Ти се вервит? Ќе ни тргнит, стегни се уште некоја година. На ред се прашањата, нормално: Чија е таа книгата? А да не си прочитал нешто од Ташко Белчев? Или од Наде Проева? А од Тупуркоски? (За Зенон Косидовски не ми текна.) Случајно да не си налетал на нешто од Томе Бошевски и Аристотел Тентов за успешното „дешифрирање“ на мистериозниот јазик од камената розета од Египет? За странска литература не ни помислив да прашам. Знаев.
Приказна четврта
Роднина од еден мој другар, иселен во странство пред многу години. Ама идат секое лето, не е некој кутар наш од Австралија шо имат забораено кај е роден. Го гледал ФИЛМОТ Александар, најновион. Автоматски не сакал да е негов потомок – педер бил! Како ова да го коментирам?! Евааа!?
Шчо научифме?
Еден мудар чоек со големо академско искуство го имам слушнато во многу прилики како кажвит дека е лесно да се дајт критика – тешко е да се имат подобра идеја, решение, совет. Се надевам дека задоволително одговорив на тој предизвик.
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Мапа од Македонија на мермерен ѕид во Рим
Ukion , петок, 25 јануари 2008 г.Ми стигна еден емаил и пријатно се изненадив од неговата содржина, а воедно и од сликата што беше закачена на него.
Воедно во Рим на една од четирите мермерни мапи на ѕид, што се наоѓет на улицата Via Imperali која шо води од Colloseo Romano до римските форуми била изгравирана мапа на Македонија.
Македонија е означена настрана, т.е. различно од името Грција, која во најголем дел од мапите не е наречена Грција туку нешо како Егеј, Епир или ова она.
Вистината за Македонија значи ни лежит на дофат на рака, со бројни артефакти, цртежи и записи од одамна, ама требит тие работи да се соберат и да се презентирет на светов за да знајт кој сме и шо сме. Вака со грциве, иначе, нишчо не бидвит.
Зато пишите љуге и славете го името наше по светов зашо една е земјава и само неа ја имаме.
ПС. Многу се изнервирав со едно видео што беше стаено на YouTube од Грциве - срам да им е, ама за то во друга прилика.
Тагови: Македонија, Историја, мапа, Рим, доказ, охридскион, блог
Таговите се направени со алатката Ukion Tag Editor.
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.