Се прикажуваат објави со етикета Живот. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Живот. Прикажи ги сите објави

Закон за хартиени ќеси - а каде се хартиените ќеси?

Кога прв пат слушнав за законот за хартиени ќеси како љубител на природата си реков - одлично.
Неколку дена после први, кога ми се потрошија залихите на храна која ја имав за новогодишните празници тргнав да купувам за следните празници ("да има" -што би рекле старите), добро информирана, по новиот закон да барам хартиена ќеса.

Одам во месара Мега, одлично - имаат хартиена ќеса, но чини 1 денар, убава квалитетна. Добро, дајте една, да не го носам месото така ќе истече крвта, кој ке ја чисти од торби, башка ќе мириса...

Влегувам во Веро и барам хартиена, немале и не само што немале ми ги наплатија и пластичните и то по 1.5 ден, што е трипати повеќе од набавната на ќесата. Нејсе, земав 2, бидејќи толку имав артикли. Добро си велам не купувам повеќе тука, и онака грчка продавница па уште и за тоа да им давам пари, ем да си за загадувам околината ем нив профит...

Следно, влегувам во локално дуќанче да купам леб и барам нормално хартиена ќеса- вика имаме но тие ги наплаќаме, пластичните ги даваме бесплатно !?! Дај ми пластична - велам. Толку траеше мојата еднодневна еуфорија за екологија...

Си одам дома со 3 пластични кеси и една хартиена и си размислувам - до вчера без разлика екологија - неекологија кесите ги добивав бесплатно. Сега не само јас, туку и сите кои излегуваа од Веро (а излегуваа многу луѓе) носеа пластични ќеси, само што овој пат ги плаќаа.

Бидејќи сите закони ги копираме од некоја земја не можам и јас да ја избегнам споредбата со некоја од другите земји (то е 'In'), па се сетив на Хрватска, кои нашле начин да ги мотивираат луѓето да се грижат за природата, ама не да плаќаат за она за што досега не плаќале туку обратно, да почнат да добиваат грижејќи се за природата.
Кај нив за 4 мали пластични празни шишиња вода можеш да добиеш вредност од една мала полна. Лугето доаѓаа во откупните центри со полни коли за да им ја откупат пластичната амбалажа!

Во принцип, никој од нас нема да осиромаши за 6 денари дневно за 3 кеси, т.ш ако вака се продолжи не гледам некое 'фајде' од законот. Фајде ќе видат само трговците на кои до сега ќесите им беа трошок сега им се приход и тоа со 200-400% маржа (за големите кеси, за малите и многу повеќе, набавна на мала е 0.33, а на голема 0.5). Реално, мене ми е јасна маката на трговците кои ги наплаќаат и хартиената ќеса- за нив имаат 5-пати повисока набавна цена, за која се ветува олесување, но КОГА?Кога ќе ги преплати џебот на потрошувачот?

Јас знам дека се откажав од ентузијазмот наречен - 'Барај хартиена ќеса и заштити ја околината', заради вакви закони кои имаат убава идеја но толку бргу се носат што на крај се' некој страда - со патриотските фискални страдаа трговците (и уште страдаат), сега ние потрошувачите, и се тоа зашто сите одлуки се носат набрзина без истражување, без претходни подготовки.

Се на се, се сведува на тоа дека моментално ем ја загадуваме природата, ем уште плаќаме за тоа- сакале или не - мораме зашто скоро никаде нема хартиени ќеси.

Велат, решение се платнените торби, а кој млад човек (а посебно машкиот дел кој и практично нема каде да ја стави) ќе носи торби - ќе видиме.

Technorati Tags: живот, закон, хартиени, пластични, ќеси, zakon za hartieni kesi, plasticni

Tags created with Ukion Tag Generator




Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Пронајдете ја својата судбина

Малку забава, како што и самите автори на страницата велат дека не требит сериозно да се сватит резултатот од овој „тест„

Ич да не се секирате, вашиот објавувач на овој пост ќе поживеит до Октомври 2052 г. Ќе имат уште доста негови постови овде :-)




Tags: , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

patuvanja.info: Беровско езеро - место за душевен мир

Доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата кои во Македонија ги има во избилство, испланирајте викенд на Беровско езеро...

patuvanja.info: Беровско езеро - место за душевен мир

Како да се откажите oд пушење цигари

Незнам да ви кажам како, амам ко ќе ја видате сликава ќе се подзамислите малце.
ПС. Запалите едно цигарче дури се трудите за му ја запамтите регистрацијана на караванон :)

(клик за поголема)

Tags: , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Дали Александар Македонски бил Грк?

Браво браво и стопати браво. Е ова го сакам бе! Ко ќе видам вакво нешо ми се полнит душава. Сите знет шо е вистина и немат тука ова она.

Екста добро видео, а колку добро вие ќе се чувствувате ко ќе го видите видеово- дознајте сами.



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

patuvanja.info: Вевчани - извори на непокор

patuvanja.info: Вевчани - извори на непокор

Прохибиција

Со што се занимава нашата влада во овие пресудни времиња по нашиот идентитет? Или подобро, дали се овие времиња пресудни или e тоа само наметната општонародна психоза за да се одвлече вниманието од други настани и појави?!

На пример: владата се занимава со „Европски“ закони, нели, за да се приближиме до ЕУ. Јас дури би ги нарекол Скандинавски. После 19:00ч нема алкохол во ниедна продавница, под клуч, само во кафеана може да се пие. Во колона по двајца, или?! Лева-десна, еден-два. Кој има корист од ова? Не можам ни да претпоставам, ама никако не можам да помислам дека општеството ќе е тоа, дека сега ќе се отрезни цел народ и „ќе ни тргне“. Уште порано пушачите беа „обележани“, одделени од непушачите небаре се најлош вид на криминалци. No dogs and Indians! На крајот на краиштата, од што ќе живеат Прилепчани? Па доста со забрани, ограничувања и репресии. Јас го разбирам развојот на демократијата како добивање на сé повеќе слободи. Нели?! Земете ја за пример Холандија, и при тоа не мислам на озаконетата марихуана. Ама ако и за тоа, „патот на претерувањето води до мудроста!“

А вработувања? А фер вработувања? (без партиски/роднински/платени работни места.) А антикорупција на повисоко ниво од наплатувач на патарина? Испитување на потеклото на „тешко спечалените“ милиони на поединци? И така натаму, и така наваму.

Жално, ама овие закони ми изгледаат како Скандинавски фил на отоманска торта. Да речеме раванија. Да не се чудиме ако ни се појават Капоневци и Лучиановци.

П.С. За љубителите на вистинска торта, топло ја препорачувам Охридска.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Безбедноста во Скопје

Се одлучив, наместо коментар внатре во приказната на Menager guru како бил ограбен, да се обратам пошироко. Гуру, мое сочувство. Целиот случај е страшен и неверојатен; па нели живееме во „оазата на мирот“?! И тоа среде главниот ни град, во Карпош!


Е па драги мои, добредојдовме во големиот капиталистички град. Потребно ќе нй е многу време да се навикниме дека капитализмот ги поларизира луѓето според богатството – ќе има богати и супер богати, ама и сиромашни и ептен сиромашни. И богатите ќе се богатат, а сиромашните ќе доосиромашат. (Ние само да се надеваме дека и овде ќе има средна класа, и дека ние ќе сме таа. Нели, златна средина.) А тука некаде ќе има и крадци и џепароши, грабачи и киднапери, обивачи и обирачи ... Ги има во сите големи градови.


Во прилог на теоријава: Имам еден другар во Лондон кој неодамна беше ограбен. Дома му обиле и разграбале сé што е вредно. Сред бел ден, зошто предградијата тогаш се речиси празни додека нивните жители се на работа „в град“. Ама нејсе, ми вели, осигурено е сé од кражба, зошто ако ниеднаш не те имаат ограбено – не си прав Лондончанец. Тоа е нивно секојдневие. Исто е и во Њујорк. И каде сé не. Е сега, ние сме далеку од овие градови по други работи, ама истово нé чека и нас.


Ама од приказнава на нашиов гуру ме разочара еден дел: не отишол во полиција зошто ќе му се смееле. Јас би очекувал да има приказна ако се случило нешто како: - Бев во полиција и ми се смееја!... Ама зошто однапред предавање? Барај правдина. Во химната имаме стих дека се бориме за своите правдини. Да не бидиме малодушни, со нашите стари предрасуди. Дека не нé бива, дека од нас држава не бива. Да си дајме шанса, да имаме верба во себе, конечно - да се разбудиме! И таква песна имаме: „Народе македонски, со какви идеи си ти? Доста веќе, разбуди се, свести се не спиј ти...“ Не сме од вчера – напротив! Ние сме лулка на цивилизацијата, зародиш на христијанството, писменоста, ренесансата. Ние сме мал народ, ама Велик!



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Dark Капруш - црн леб - комбинација

Пред некој ден, т.е. вечер, некаде околу 8 часот, ме пуштија од дома да купам леб. Ми порачаја обавезно црн да бил затоа што моите се големи приврзаници на здрава храна (или обоена :) во овој случај). И си тргнав јас да го купам тој лебот во најблиското продавниче, ама тамо да ти немало црн, па отидов во другото продавниче - па исто. И што да правам, продолжив понатаму по мојата населба (Карпуш 4) да си го "барам лебот".

После неколку покушаи во разни продавничиња без успех, решив да одам до тинекс во Карпуш 3 зошто од поверливи извори (еден газда од продавничињата попатни) ми кажа дека таму секогаш имало. Добро, си реков, нема проблем, ке прошетам малце.

Но, некаде при средината на моето патешествие низ Карпуш 4 увидов дека ниедна улична светилка (од средина на Карпуш 4, па до крајот на Карпуш 4, кај што застануваат последна 19ка и 15ка) не свети. Мркли мрак. Почна да ме фаќа страв дека нешто се случува, ама веднаш после таа мисла си поврзав со нашите електро компании и претпоставив дека немаат платено струја нашиве Карпуш 4 застапници во власта, па си продолжив понатаму посмирен (и самоубеден сум во скоро централна градска територија каде има народ и секако полиција ).

За да скратам малце од патот и да не одам по Партизанска по тротоар, и зошто сум си голем јунак и "покровител" за движење по темница, продолжив по едно уличе што ги поврзува Карпуш 4 и Карпуш 3 (кај салата Партизан). И тамо - мркли мрак што да ви кажам.

Кога, од од позади мене(случајно погледнав наназада кој ме прати) се затрча едно суштество ниско колку мојата половина, со големи раменици и цигаре во едната рака и нешто како нож во другата(висок сум иначе околу 180 цм) . Почна да вика:
- "Стој бе, не бегај, ке кољам".

Ај, си реков, да му помогнам да не се мачи суштествово да трча зашто ми изгледаше како мачене и збифтање отколку на трчање - застанав. Кога се доближи до мене видов дека е црно човече - циганче, и видов дека вистина имаше некој бодлец во едната рака, се подуплашив малце(не многу зошто сум "голем јунак") и го прашав што сака. Суштеството ми рече дека сака да му ги дадам парите, и зошто сум пацифистички настоен и антиекцес тип - го прашав колку пари сака. Ми рече да му дадам 20 денари и ќе ме пуштел да си одам. Добро, си реков - ефтино, бркнав в џеб и му дадов 50 денари. Му светнаја очињата. Дури и фала ми рече, ми рече и дека кога ке сум поминувал повторно оттука ке ме штител од други.

Хм, "зарем има и други" - го прашав.
- "Да бе" - рече, "Ние овде оператираме" (мислеше на оперираме ваљда).
- "А не се плашите од полиција?" - му реков,
- "Не бе, ние сме мафија!, тие бегаат од нас" - ми одговори.
- "Добро" - си реков во мене, браво за градов и градската управа што му дозволиле на ваков тип на пари печалници да рекетираат граѓани што купуваат леб.

Го поздравив суштеството и си продолжив по патот (по уличето), кога малце подоле пред да излезам од уличето ме пресретна човек - циган висок колку мене и ме праша "дали сум му дал на брат му парите". Еeee веќе почна страв да ме фаќа.
- "Да!" - реков.

Човекот ме поттурна и ми рече да почекам, извади мобилен, се јави нагде (ваљда на брат му ), направи муабет на цигански, после разговорот се насмеа и ми рече дека сум слободен.

Слободен, ебатте слободата, двајца цигани во рок од 5 минути, без никаков стам, страв или што и да е, и то "оператиравци" на територија меѓу Карпуши ме застануваат и еден ми зема пари, друг ме контролира. А си тргнав само ЦРН леб да си купам, ебате среќата.

Продолжив по патот, си го купив лебот и си се вратив дома по Партизанска (каде е светло до негде, пу пу).

Ми дојде недоумица(откога се свестив што ми се случило) како да постапам:

1. Дали да го пријавам случајот во полиција (зарем за 50 денари - ќе ми се насмеат и толку!!!)
2. Да го тужам градот зошто остава мрак улици навечер па да зеам милјонче или повеќе, исто како во Америките што земаат за глупости (убава идеја ама незнам дали ке ја бива кај нас),
3. Да си купам пиштол (во време кога модерно е депиштолизација - нема да сум модерен) и
4. Да го обновам моето знаење во карате(имам црвен појас во карате :) во трето оделение - има поминато едно 25 години од тогаш), па да си се бранам со ризик да подзагинам.

Ништо, си реков, ќе напишам блог па нека ми одговорат моите читачи со коменатари. Можда ќе дадете идеја за следен ваков случај, зошто циганите се валда сеуште тука, а јас кружам отсега па натаму одоколу зошто таму "не сум баш слободен, во нашава слободна држава".

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

СТЕЧАЈЦИ

Денојве, ко и многупати досега, центарот на Скопје е блокиран. Вчера полошо, денес не толку... Утре, не знајме. Мислењата и чувствата се поделени: некој ги поддржвит, некој се жалит дека не можит да си завршит работа, друг дека се во право, трет дека не смеат да го попречват нормалниот живот, петти дека му е смачено од нив, а секогаш имат и луѓе без мислење, рамнодушни. Јас би рекол, освен последниве, сите се делумно во право. Ај да речиме скоро сите имаме осетено на своја кожа или во семејството шо значит стечаец, или технолошки вишок, или отпуштен, или никогаш невработен. За жалење сме, цел народ, шо имаме поминато.

Туку, мене ме испровоцира друго нешто: Кој е критичарот на нерешената ситуација со стечајците?! Од разни вести слушам / читам:
СДСМ бара итна собраниска седница за стечајците;
СДСМ предлага закон за стечајците;
Лидерката Шеќеринска и порача на владата да го реши проблемот......

Ха, ха, ха! И, во исто време, БЉАК! Наеднаш сега загриженост!? Па кој ги напрај нив стечајци? Кој ги затвори сите тие фирми, кој ги испокраде, кој не само што не вработи (освен сопартијци и роднини) туку и ги избрка „тие што биле примени во последната година пред изборите“, кој се закани со бркање од работа ако гласате на референдум, кој ги одзеде 8-те проценти од пензиите, кој ги зеде милионите од ТАТ, кој се „договараше“ со ССМ на штета на работниците......? Кооооој???
Доста лицемерие, доста глумење лудило и правење на „три и пол“ и „пу-пу не важи“, доста правење најпаметни и незаменливи, доста малодушност и себичност, доста сеење раздор и гнасотии! Прекинете веќе еднаш со оваа комунистичка перверзија (види фотос).
Ние НЕ ЗАБОРАЈВМЕ!
Уште еднаш ќе повторам нешто претходно кажано: лесно е да се критикуват – тешко е да се имат подобра идеја, решение, совет. Е па, тие ја имаа својата шанса.

P.S. Со фотографијата немам намера да асоцирам на некоја конкретна личност, ниту некого лично да навредам. Тоа е, инаку, знамето на Кинеската комунистичка партија.

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Балкански шпијун

Сликава зборвит сама за себе. Се надевам дека не се имате најдено самите во слична ситуација барем за еден од ликојте.

(кликни за поголема на сликата)


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Прилог кон претходниот напис

Како мал додаток на претходниот напис: таму го споменав глушецот и неговиот краток живот. Е па за така краток живот, заслужвит да се провеселит малку. Алал да му е на тој шо го смислил и реализирал ова. Покрај другото, ова е одличен забрзан курс (краш корс) по наркоманија, односно по начинот на делување на најчестите дроги на денешницата врз мозокот и како тие прават корисникот да се чувствуват "high". Знам дека е можно веќе да го имате видено ова на он.нет, ама некако ми се вклопи во претходниот напис ко клуч во брава.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Нашиот господар - Далечинскиот управувач


Сигурно сте забележале колку сме сите денес зависни од телевизијата. Можеби не опседнати, но трошиме голем дел од нашето драгоцено време покрај телевизор. Знаете ли колку е животот краток и драгоцен? Го цените ли доволно? Знам една мисла од некој умен човек: Сите постојано се жалат колку е животот краток, а речиси целиот живот само „убиваат“ време.
И притоа, ако веќе не можеме да живееме без неа, што гледаме и колку? Познавам многумина кои само „сурфаат“ по каналите до бескрај. „Никогаш нема ништо!“ Тоа и јас сакам да ви го кажам. Нема ништо. Само илузија. Се разбира има и многу информации. Но, информациското загадување е веројатно поголемо од она на природата; тоа нй влегува и дома. Сепак, живееме во време кога луѓето се зависни од информации. Мора да се прими дневната доза. Ако е веќе така, би сакал да се прави добар избор на видот на информации кои „мора“ да се примат.

На пример денес гледав документарец (и јас не сум имун, се разбира) за тоа како секое живо суштество има однапред определено ограничен живот. Вилинското коњче има само еден ден. Глушецот две години. Слонот 70. И човекот е тука некаде. Но не сите го доживуваат животот со иста брзина. На пример на глувчето срцето му чука околу 650 пати во минута; нему сигурно денот му изгледа како нам една недела. Но и на луѓето им „минува“ различно. Повозрасните се забавени, па и нивната перцепција за времето е поинаква од таа на помладите, и тоа заради различната брзина на биоритамот. Тие веќе почнуваат да го ценат времето кое им преостанува и не го губат на неважни работи. Не ги ни паметат неважните работи кои не можат да ги заобиколат нивните животи.

Дали можам да се надевам дека, од толку информации секој ден, барем дел од помладите ќе наидат на ваква информација? И дека ќе извлечат поука?! Дека ќе почнат да го ценат своето драгоцено ограничено време на земјава. Дека нема веќе да го „убиваат“. Почнете вие: спортувајте, одете на концерт, направете излет во природа, засадете дрво, посетете некој болен или стар роднина / пријател, помогнете на некоја вдовица, слушнете ја песната од вашето дете, згответе убав здрав ручек, прочитајте добра книга. Изборот е бесконечен. Не допирајте го далечинскиот управувач на телевизорот еден ден; и тоа е почеток! Еве јас ќе бидам прв – денес не гледам ТВ.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Блудница Вавилонска (за визното „олеснување“)

Не знам колку сте запознаени со овој термин, ама многу академски изучувачи на Библијата се имаат сложено дека терминот Блудница Вавилонска е Астрологијата, чии темели се поставени во Вавилон отприлика во исто време со градењето на Кулата, а со иста цел: пркосење на Бога. Но за тоа другпат; сега ќе се зафатам со овој термин како што е испеан во една наша народна песна, а е метафора на Европа.

Пред околу два месеци решив да барам годишна шенген виза, меѓу другото за да воспоставиме контакт со централата на една фирма во Милано со перспектива за соработка, а и за да ја видам Италија. Имам еден другар италијанец, па планиравме да прошетаме заедно барем низ неговиот град - Рим. Инаку тој работи во претставништво на таа италијанска фирма во Македонија, па ми испрати писмо од фирмата (која е инаку добро позната во Италијанската амбасада во Скопје) како покана да одам во Италија заради деловна средба.

Ги прибрав сите потребни документи кои се објавени на веб страната на италијанската амбасада за добивање на бизнис виза, и се пријавив преку агенцијата која е назначена од страна на амбасадата за побрза процедура со барањето. После неколку дена, од агенцијата ми се јавија со барање да доставам дополнителни документи кои амбасадата ги побарала од нив. Повторно бев во поход по документи низ разни институции, и ги доставив до агенцијата.
Но амбасадата бараше уште. И тоа „некакви документи“ за активноста на мојата фирма и на италијанската која ме кани на гости; кога ги прашав какви точно, не ми кажаа. Како и да е, набавив уште десетина документи, меѓу кои и строго доверливи. Овој пат ме упатија лично да ги доставам во амбасадата. На шалтерот ми рекоа дека не барале такви документи, туку некаков доказ за соработката меѓу двете фирми. Па зошто не кажавте какви кога прашав? - ја прашувам службеничката. Освен тоа, нашите фирми немаат никаква соработка, и целта на моето патување е токму воспоставување на контакт и доставување на понуда за соработка.
„Во ред!...“ - рече службеничката, „...но ако шефот побара други документи, ќе ви се јавиме!“ Не се јавија од амбасада, се јавија од агенцијата: „Може да си го подигните пасошот!“.

Кога го добив пасошот со виза се запрепастив: визата важи еден месец, и имам право на еден влез. Но тоа не е се! Имав и една заканувачка порака: „Најдоцна еден ден по истекот на визата, мора да се јавите во амбасадата за да ги покажете печатите од влез и излез од Италија. Во спротивно ќе имате проблеми при евентуално идно аплицирање за виза, а и италијанската фирма која ве кани на гости може да сноси последици!“
Не ми се веруваше!!! После епопејата на прибирање документи во која потрошив доста пари, и во која при крајот очекував уште да ми побараат примероци од крв, урина и сперма, добив еден влез и закана дека морам да го искористам и да го покажам. Е па јас решив да им го покажам, ама не печатот!

Толку од визното олеснување, кое by-the-way требаше да започне од 1.1.2008 година. А Србија доби експрес понуда за визно олеснување и одреден број на студенти кои ќе може да студираат низ универзитетите во Европската Унија, и што ли уште не. Тоа е Европа, за некого мајка - за некого маќеа!


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Македонско девојче, бел бумбар - црн бумбар

Песната ја знаете, опеана - препеана - испеана на многу фестивали, средби, свадби, веселби, нови години, журки и разно други ...селби. Јас ја слушнав дури и во Шпанија на апсолвентска ескурзија. Испеана беше од страна на шпански изведувачи во чест на купчето македонци (од апсолвентската) што бевме присутни на лице место, и тоа на македонски.

Сурфајки по интернет, и барајки ем-пе-тројки со различен препев на оваа песна од најразлични изведувачи, со желба да ги снимам во мојата колекција на македонски песни, наидов на некои интернет странички кои немаат врска со песнава, но се презентација на македонското девојче и македонската жена и во добро и во лошо светло. Одлучив да извојам 2 и да ги поврзам со добро познатите наши ТВ бумбари.

Бел бумбар:

Во македоската блого сцена наидов на еден многу интересен блог http://mkmodels.blogspot.com, кој во суштина е веб страна на преубави македонски девојки - топ модели. Незнам кој е креаторот на блогот, браво за него и за селекцијата што ја има направено и презентација на македонското девојче во WWW светската популација.
Се надевам дека листата на девојчиња ке се зголемува и понатаму и ке имаат многу успеси во кариерата и тоа на светско ниво. Ви препорачувам да ја посетете страната и да се нагледате македонска убавина Made in Macedonia.

Црн бумбар:

Портал на весникот Вест, македонски дневен весник, рубрика живот или слично. Гледам статијата "Македонките не ги бива", содржина: презентација на успесите на македонскиот првак во фитнес (искрено браво за детето), убава статија за успехот на еден млад Македонц кај нас и во странство.
АМА - цитирам - негова изјава, т.е. тоа што го има точно кажано детето и што нема врска со наведениот наслов:

Кога престојував во Мајами буквално на улица ме застануваа девојки кои сакаа да ме допрат. Често ми бараа автограми , мислејки дека сум некој актер, ми велеа дека многу личам на Бред Пит. Кај нас девојките се срамат да ми пријдат и да ми поделат некој комплимент

Супер си има кажано детето, чисто и јасно, можеби е и така, убав млад човек со голем успех што сам си го постигнал.
Но дали неговата изјава личи на потполно извртената дефиниција на насловот од страна на ВЕСТ и на авторот на оваа статија дека Македонките не ги бива? Зарем ова е претставување на наш атлет или, со наведениот наслов, поигрување со него и извитоперување на неговата изјава?

Се надевам дека авторот на статијата ке ја свати поентата на овој пост.
За Вест и авторот на статијата Македонките не ги бива - црн бумбар.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

 

Последно од Охридскион

Последни коментари