Безбедноста во Скопје

Се одлучив, наместо коментар внатре во приказната на Menager guru како бил ограбен, да се обратам пошироко. Гуру, мое сочувство. Целиот случај е страшен и неверојатен; па нели живееме во „оазата на мирот“?! И тоа среде главниот ни град, во Карпош!


Е па драги мои, добредојдовме во големиот капиталистички град. Потребно ќе нй е многу време да се навикниме дека капитализмот ги поларизира луѓето според богатството – ќе има богати и супер богати, ама и сиромашни и ептен сиромашни. И богатите ќе се богатат, а сиромашните ќе доосиромашат. (Ние само да се надеваме дека и овде ќе има средна класа, и дека ние ќе сме таа. Нели, златна средина.) А тука некаде ќе има и крадци и џепароши, грабачи и киднапери, обивачи и обирачи ... Ги има во сите големи градови.


Во прилог на теоријава: Имам еден другар во Лондон кој неодамна беше ограбен. Дома му обиле и разграбале сé што е вредно. Сред бел ден, зошто предградијата тогаш се речиси празни додека нивните жители се на работа „в град“. Ама нејсе, ми вели, осигурено е сé од кражба, зошто ако ниеднаш не те имаат ограбено – не си прав Лондончанец. Тоа е нивно секојдневие. Исто е и во Њујорк. И каде сé не. Е сега, ние сме далеку од овие градови по други работи, ама истово нé чека и нас.


Ама од приказнава на нашиов гуру ме разочара еден дел: не отишол во полиција зошто ќе му се смееле. Јас би очекувал да има приказна ако се случило нешто како: - Бев во полиција и ми се смееја!... Ама зошто однапред предавање? Барај правдина. Во химната имаме стих дека се бориме за своите правдини. Да не бидиме малодушни, со нашите стари предрасуди. Дека не нé бива, дека од нас држава не бива. Да си дајме шанса, да имаме верба во себе, конечно - да се разбудиме! И таква песна имаме: „Народе македонски, со какви идеи си ти? Доста веќе, разбуди се, свести се не спиј ти...“ Не сме од вчера – напротив! Ние сме лулка на цивилизацијата, зародиш на христијанството, писменоста, ренесансата. Ние сме мал народ, ама Велик!



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

6 коментари to “Безбедноста во Скопје”
Menager Guru рече...
on 

за 50 денари не беше вредно да се замарам. Дали ти би отишол во полиција за толку ниска сума?

MaG рече...
on 

Првиот пат не ми успеа, обид бр.2:
Јас би се замарал, ама не заради сумата. Веројатно ти не се замараше од срам - ти голем, тој мал. Веројатно и јас би се срамел. Ама знам случаи кога еден мал е пуштен ко провокатор, а некој (или неколку) голем само гледат и чекат. И ако постапиш погрешно, ето ги од темницана. И сам кажа дека биле барем двајца: е па имат шо да се пријавит, не е смешка.

Анонимен рече...
on 

убави мисли кажуваш ама џабе ти е, ова е Македонија и за тоа треба еден куп време за промени.

Анонимен рече...
on 

alooooo, vo koe vreme zivees ti, kakva policija, nema vrska toa, vo policija samo ako ti ukradat od radi kasetofon - pa nagore.

MaG рече...
on 

алооооооо, сврти нула, не те слушам... И? Кој ти покажа како се користит интернет? Кажи бе/ма анонимно?

MaG рече...
on 

Ова погоре беше наместо одговор во кое време живеам.

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари