Се прикажуваат објави со етикета Политика. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Политика. Прикажи ги сите објави

Вистината за Македонија

Не знам колкумина од вас веќе налетале на ова видео наречено: Видеото кое ја шокира Грција, ама не можев да одолеам а да не го ставам овде. Се надевам дека немат да го тргнат како претходното со прашањето: Што бил Александар? - од квизот. Е па кликајте на видеото...и обратете внимание на зборовите на жената - грчки археолог.
За успешно разбирање на содржината - задолжително познавање на англиски.
Thumbs high !!!



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Дали Александар Македонски бил Грк?

Браво браво и стопати браво. Е ова го сакам бе! Ко ќе видам вакво нешо ми се полнит душава. Сите знет шо е вистина и немат тука ова она.

Екста добро видео, а колку добро вие ќе се чувствувате ко ќе го видите видеово- дознајте сами.



Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Видео на ТВ репортер погоден од снајпер за време на пренос во живо од терен

Видеото прикажува драматичен момент каде за време на пренос во живо новинарка е погодена од снајпер.

Тамара е погодена во левата рака во местото Гори - таму некаде околу Русија. Храбро но будалесто 32 годишната момичка продолжува со нејзиното известување за јавност (или им прајт трафик на YouTube).

Од таму од кај шо ја прочитав веста викет дека то да ти бил руски снајпер, ама немат врска, русите први не пукет никогаш :), а и американци ја имаја напишано веста.



Tags: , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Прохибиција

Со што се занимава нашата влада во овие пресудни времиња по нашиот идентитет? Или подобро, дали се овие времиња пресудни или e тоа само наметната општонародна психоза за да се одвлече вниманието од други настани и појави?!

На пример: владата се занимава со „Европски“ закони, нели, за да се приближиме до ЕУ. Јас дури би ги нарекол Скандинавски. После 19:00ч нема алкохол во ниедна продавница, под клуч, само во кафеана може да се пие. Во колона по двајца, или?! Лева-десна, еден-два. Кој има корист од ова? Не можам ни да претпоставам, ама никако не можам да помислам дека општеството ќе е тоа, дека сега ќе се отрезни цел народ и „ќе ни тргне“. Уште порано пушачите беа „обележани“, одделени од непушачите небаре се најлош вид на криминалци. No dogs and Indians! На крајот на краиштата, од што ќе живеат Прилепчани? Па доста со забрани, ограничувања и репресии. Јас го разбирам развојот на демократијата како добивање на сé повеќе слободи. Нели?! Земете ја за пример Холандија, и при тоа не мислам на озаконетата марихуана. Ама ако и за тоа, „патот на претерувањето води до мудроста!“

А вработувања? А фер вработувања? (без партиски/роднински/платени работни места.) А антикорупција на повисоко ниво од наплатувач на патарина? Испитување на потеклото на „тешко спечалените“ милиони на поединци? И така натаму, и така наваму.

Жално, ама овие закони ми изгледаат како Скандинавски фил на отоманска торта. Да речеме раванија. Да не се чудиме ако ни се појават Капоневци и Лучиановци.

П.С. За љубителите на вистинска торта, топло ја препорачувам Охридска.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Македонско име нема да загине

За почеток ќе скршнам настрана низ една попатна станица: ќе ви раскажам како си поминав вчера во автобусот на пат кон Скопје.
Во задниот дел имаше една група млади Роми и, во нивен препознатлив стил, беа распеани, разиграни, се смееја, довикуваа, шлапкаа со раце и пак пееја. Имавме „целовечерен концерт“ – влез колку билет до Скопје. А во репертоарот доминираше избор песни од Тоше, од народни до навивачката „Македонија“. Браво за нив, и за нивниот весел дух. Туку, дали мислите дека тие деновиве се замараат со нашето име? Или воопшто некогаш? Е па нека си се веселат и пеат и играат, подобро да ви кажам за некои други државјани на Македонија.

На пример, Србите од Македонија. Дали тие се изморија од размислување и нервози и неизвесност за нашето име и идентитет? Се разбира не, тие се презафатени со Косово. Се собраа, се бунеа, викаа. Не можам да ги осудам, и јас кога би живеел сега во Србија, сигурно би бил позагрижен за Македонија. Затоа да ги оставиме и нив, и да се свртиме на друга страна.

Со што се занимаваат Албанците од Македонија? Нема потреба ни за објаснување, премногу е очигледно и просто. Сите знаеме за градовите-држави и тоа од античко време, ама нам ни се случи општина држава: Чаир го призна Косово. Подобро да преминиме на „Бугарите од
Македонија“.

Дали во Македонија има или нема Бугари, е друга тема. Можеби за некој генетичар, или историчар, или биолог... Мене ме интересираат чувствата; кој како и што се чувствува себеси. Значи, тие што се или се чувствуваат Бугари, најдоа за сходно во овие напнати моменти да дотурат масло на огнот: смислено нé испровоцираа со откривање на бистата на Тодор Александров. Беспредметно е да се расправа за што се борат и што ги интересира нив.

Да не ги навредам Турците од Македонија со неспомнување, ама досега немам слушнато ништо од нивна страна, не знам како си врват и за што размислуваат.

Затоа, најдобро е да се видиме себеси, ние Македонците. На крај си сме сами, како и секогаш, да си се бориме за себе. Е па да не чекаме помош и поддршка, зошто мислам дека нема да ја добиеме. Сите наши „сојузници“ се поголеми сојузници на нашиот јужен сосед. И без оглед на бесмисленоста на спорот за името, според народната „на пазар домашниот есап не излегува“, нашето членство во кој било сојуз или унија ќе нé чини скапо. Ако ме прашате мене, не би ја платил таа цена за никаков сојуз. За сите вас имам само една порака, а таа е најдобро искажана во една наша песна:

„Станете сите браќа Македонци,
од сите Македонски градови,
И да викниме сите со глас голем,
Бегајте Грци не ве сакаме.“

Сосем за крај: кога ќе нé остават на мир и ние ќе имаме време за поезија и театар; време за долги прошетки низ паркот и излети; време за дружење и игра, или ако повеќе сакате „четинг“ и „гејминг“; за љубов, насмевки и топлина?!

Technorati Tags: , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Југо - носталгија

На следниов линк можете да најдете доста обемна и сéопфатна приказна за Македонија. Добра статија генерално. Само на крај авторот под ПС., под мотото „крајот делото го гнаси“, ми го расипа целиот впечаток, и тоа тотално, велејќи дека: „Во малку поинаква ситуација, јас би бил првиот кој е за зачувување на комплексното БЈР Име како уставно, затоа што токму тоа име ни го припишува нам целото југословенско наследство, и наследството на неврзаноста, самоуправувањето и одењето авто-стоп на одмор. Единствено ме нервира “поранешноста” - само Југословенска Република Македонија звучи кул.“ Зошто тогаш не би се викале: Бивша Римска колонија Византиска провинција Отоманска провинција Фашистичка територија Српска покраина Југословенска република Македонија? (Да не испуштив нешто?! Дополнете ако има.) Нели, за да го опфатиме целото наследство...

Не знам за вас, ама јас овде го препознавам нашиот најголем проблем со националниот идентитет: Имено, т.н. Југо-носталгија. Знаете, сéуште има т.н. македонци кои повеќе ја сакаат „бившата“ од „сегашнава“. Велат: „Добро ни беше; со Југословенскиот пасош не ни требаа визи за никаде; ние не можеме сами; имавме сé што ни треба....“

Би сакал да набројам неколку од тие работи што ги имавме:
1. Странски кредити и задолженост од околу 20.000.000.000 $ (милијарди);
2. Планска (не пазарна) економија со висока инфлација која стрмоглаво водеше во пропаст;
3. Сé беше во ред: ред за леб (најмногу 2 леба по човек во редот); ред за млеко (исто како лебот); ред за масло за јадење (кога ќе добијат); бонови за бензин; 60% кафе (ако имаш среќа); голема „разноврсност“ на возила - Застава или Лада, и по некоја полска или источно германска; ... да продолжам?
4. Немилосрдно политичко гонење и затворски казни за сите „непријатели на револуцијата“, а првенствено тоа се однесува на македонски патриоти. Македонски патриотски песни најстрого забранети (разговор во УДБА загарантиран минимум), а посакувани тие за партизаните со Тито и Иво Лола и Сава Ковачевиќ итн. Барем такви се пееја на хор;
5. Немање слобода на говор (едно до основните човекови права). Во спротивно – Голи оток;
6. Немање слобода на вероисповест (уште едно) - човек забележан дека оди во црква (не знам за џамија) нема шанси за напредок во кариерата. Воведен е поимот „политичка подобност“.;
7. Има уште многу, ама за крај мојата омилена фраза: „загарантиран личен доход“.

Да скратам: Што е тоа што го имаа и по кое патат? Немање на основните човекови права и основни прехранбени производи. Бог неканет гостин. Мрачно доба.
Но јас не им се лутам на носталгичарите, само сакам да им кажам дека тоа заврши и да ги отворат очите за да ја видат светлината. Светлина од сонценцето.
Made in Macedonia

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Зборувајте Македонски

Веројатно е оваа тема нашироко обработена, ама мој впечаток е дека не е доволно. Ни приближно, зошто сите сме сведоци како нашиот древен јазик во последниве 2-3 децении е посменет отколку во нешто малку повеќе од 5,5 века отоманско (а не турско, и не 5 века, според општо прифатениот термин).

Сега немам намера да докажвам колку е всушност древен и дека не го измислија Кирил и Методиј, тоа е друга тема, туку да ја искажам загриженоста за неговото брзо умирање.
Првенствено тоа е резултат на „англиканизацијата“ и „компјутеризацијата“ на светско ниво; но тоа е само прв очигледен впечаток. Освен техничко-технолошките термини, кои тешко да се преведат, ние прифативме и прифаќаме, за жал, многу термини и од економија, маркетинг, право, политика, па дури, што е најстрашно, и во секојдневието (само неколку примери: јес, кул, топ, чао, океј, чет, мејл, шопинг, џогинг, фитнес, стајлинг, билдинг, ... итн.) Тоа се изрази за да звучиме cool. Други користиме за да звучиме елоквентно, интелигентно, едуцирано и супериорно. Зошто не разговетно, бистро, образувано и надмоќно? А трети од чиста полуписменост.

Се разбира дека некои зборови едноставно немаат превод, на пример огромен дел од техничките изрази (мотор, машина, радио, телевизор, телефон, компјутер,...); за други нема соодветен збор, или пак го зачинуваат јазикот, или се меѓународно прифатени (клишé, дежа ву, гаража, ... чудно како ми текнуваат само француски...).

„Кај лежит зајакот“: Какви книги читаме (на кој јазик)? Од тие преведените на македонски – кој ги преведвит? Шо пишат и како зборват новинарите? Шо кажват телевизиските водители? Како зборват и пишат нашите доктори на науки и професори? Имаме ли јазичари (лектори) и со шо се занимавет тие? Дали од сето ова е пострашно да се користит дијалект?! Барем така ни се обраќат по некој анонимец во врска со нашиот охридски (со примеси од струшки). Зошто имат отпор кон некое наречје, а немат кон странски зборој кои ни го трујат јазикот на начин шо новите генерации немат да ги научат нашите?!

Го поздравувам секое преземање на дејство во насока на потсетвење на македонскиот јазик, или пак учење од почеток за децата кои се опкружени со оваа глобализација. Имат и на телевизија и на радио. Дали вие менвите канал ко ќе налетате случајно на нив?

Која ми е мислата? Во ова клучно време кога нашето име е доведено во прашање, нашата црква не е призната, делумно и јазикот не ни е признат, од сите страни притисоци, па дури и однатре, да се држиме за она што нé одржа низ вековите: јазикот, верата во Бога, обичаите, музиката. Да е трагедијата уште поголема, човек кој добро го владее својот јазик, често е предмет на потсмев наместо на восхит. Ако кажам костум а не одело, или машна а не кравата, на некој му е смешно. Нели?!

П.С. Вчера на радио нé потсетија на акцентската целост. Пр. Горнитé заби, Голô Брдо, Велй петок, бéз малку, и за крај еден струшки: женскá плажа.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Нивото на Охридско Езеро

После викендот во Охрид, и прошетката покрај нашето езеро, видов нешто необично и ретко.

Прво, не знам колку сте запознати со Охридското езеро, ама мислам дека има минимум што секој македонец треба да знае за него. Дека е тектонско, едно од најстарите во Европа и дефинитивно најдлабоко, дека е природен музеј на ендемични растителни и животински видови, заштитен од UNESCO. Се надевам дека од сето ова не сме генерално запознати само со пастрмката и тоа како на сликата.

Понатаму, езерото истекува преку Црн Дрим се до Јадранско море (некои милуваат да кажат дека „реката истеквит во Св.Наум, и течит низ езеро – се гледат и од авион“). Без разлика како е, на истекот од реката и понатаму по течението има неколку брани за регулирање на нивото на реката и вештачкото Глобочичко езеро, заради хидроцентралата, ама и заради биолошкиот минимум за опстанување на живиот свет во реката и во езерото. Со тоа воедно се менува и нивото на Охридско езеро.
Сега, што ми беше идејата. Викендов нивото на водата во езерото беше многу ниско. Се зачудив зошто никаде по весници и телевизии немат ништо, никаква осуда на владата од типот „им ја пуштија водата во Албанија“, „Албанија е во енергетска криза“ па со водата од езерото им помагаме. Јас имам два заклучоци плус една информација за вас:

1. Зарем мислите дека Црн Дрим е барем приближно моќен како Нил па да може да го реши енергетскиот проблем на Албанија? Секако не. Сите тие обвинувања беа смешни. За да нема забуни, нивото на Охридско езеро никогаш не било пониско од минимално дозволеното! Барем не во моментите кога нечии политички цели беа остварувани преку пропаганда. А за пропаганда прочитајте овде.
2. „Од извори блиски“ до управата на хидроцентралата, дознав дека ниту еден новинар никогаш не ги прашал за нивото на езерото, иако е логично прво да се прашаат тие што го регулираат пред да се критикува и напаѓа во своевидна измислена паника.
3. Од истите извори дознав дека во моментов нивото на Охридско е 5cm пониско од тогаш кога обвинувањата и „паниката„ беа најжестоки. И сеуште не е под минимумот. Нели е чудно што сега нема напади и обвинувања? А и добро е што е така, зошто дури и сега нема причина.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

СТЕЧАЈЦИ

Денојве, ко и многупати досега, центарот на Скопје е блокиран. Вчера полошо, денес не толку... Утре, не знајме. Мислењата и чувствата се поделени: некој ги поддржвит, некој се жалит дека не можит да си завршит работа, друг дека се во право, трет дека не смеат да го попречват нормалниот живот, петти дека му е смачено од нив, а секогаш имат и луѓе без мислење, рамнодушни. Јас би рекол, освен последниве, сите се делумно во право. Ај да речиме скоро сите имаме осетено на своја кожа или во семејството шо значит стечаец, или технолошки вишок, или отпуштен, или никогаш невработен. За жалење сме, цел народ, шо имаме поминато.

Туку, мене ме испровоцира друго нешто: Кој е критичарот на нерешената ситуација со стечајците?! Од разни вести слушам / читам:
СДСМ бара итна собраниска седница за стечајците;
СДСМ предлага закон за стечајците;
Лидерката Шеќеринска и порача на владата да го реши проблемот......

Ха, ха, ха! И, во исто време, БЉАК! Наеднаш сега загриженост!? Па кој ги напрај нив стечајци? Кој ги затвори сите тие фирми, кој ги испокраде, кој не само што не вработи (освен сопартијци и роднини) туку и ги избрка „тие што биле примени во последната година пред изборите“, кој се закани со бркање од работа ако гласате на референдум, кој ги одзеде 8-те проценти од пензиите, кој ги зеде милионите од ТАТ, кој се „договараше“ со ССМ на штета на работниците......? Кооооој???
Доста лицемерие, доста глумење лудило и правење на „три и пол“ и „пу-пу не важи“, доста правење најпаметни и незаменливи, доста малодушност и себичност, доста сеење раздор и гнасотии! Прекинете веќе еднаш со оваа комунистичка перверзија (види фотос).
Ние НЕ ЗАБОРАЈВМЕ!
Уште еднаш ќе повторам нешто претходно кажано: лесно е да се критикуват – тешко е да се имат подобра идеја, решение, совет. Е па, тие ја имаа својата шанса.

P.S. Со фотографијата немам намера да асоцирам на некоја конкретна личност, ниту некого лично да навредам. Тоа е, инаку, знамето на Кинеската комунистичка партија.

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

ТРОЈНА ФОРМУЛА ЗА ИМЕТО?!

Таман решив еден ден да не гледам ТВ и да го испразнам мозоков од сите (бес)корисни и (не)потребни информации, во обичен разговор слушнав дека Нимиц предложил тројна формула (a2+b2=c2 ???) за нашето име:
1. За тие што нé признале под уставното име;
2. За Грција;
3. За ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Да, да, истиот тој чичко Нимиц шо пред Нова година го угостија во Охрид. Врати ја пастрмката шо ја изеде!
Јас како голем љубител на серијалот Стар Трек, каде нашите потомци Земјани се среќаваат со Вулканци, Андоријанци, Ромуланци, и други ....анци, се замислив: Ако тогаш има некој Нимиц, каква формула би ни зготвил?! „Аман чичко, не помагај ни веќе!“ Помагај им ако сакаш на Грдцине со психијатриски терапии за да го преболат нашето име – МАКЕДОНИЈА. НАШЕ Е!!!

Сега ќе ви дадам за домашно. За да сме целосно начисто во ова, би ве прашал прво вас нешто: размислите кои сте и што сте, а оддесно имат една мала анкета за тоа, дајте го својот одговор, а после ќе напрајме мала анализа.

Се враќаме по рекламите; останете со нас!

Значи, дали сме Македонци или Словени? Двете не можит. Тие шо одговорија под б) се „најслабија карика“ и да си одат дома. Ако сме Словени (ко шо рече прв јавно пред светот Киро, уста го болела), немат шо да бараме ние име Македонија. Не можиме во исто време да се гордејме шо Свети Павле од цела Европа прво дошол во Македонија и нé покрстил, и да кажвиме дека сме Словени и сме дошле овде во 6-ти век. Тогаш Грдцине се во право.
Ако пак сме Македонци, а сме, да ја заборајме веќе еднаш големата измислица дека зад Карпатите имало непресушен извор на Словени, па се растуриле по цела источна Европа и дел по Азија, и нам ни се паднала Македонија – дел од Грција. Ха! Каква смешка! Нели е многу пологично, поверно, и на крај повистинито, дека Македонците не испариле, ниту пропаднале в земја, ниту некој ги испотепал сите, или пак чума ги изела. Туку по конечниот пораз од Римјаните (кои шо вистински се намачиле да нé освојат, ама сите нивни освојувања би ја немале посакуваната величина без покорување на највеликото познато царство. Истото важит и за сите подоцнежни освојувачи на овие простори.) голем дел од нашите предци избегале, и тоа најверојатно во голем дел старци, жени и деца, слично на егзодусот 1946-1949 г. од Егејска Македонија. И дека после векои во туѓина, нивните правнуци се вратиле на својата земја, на онаа на нивните прадедовци кои, навечер покрај огнот, им раскажвеле за нивното потекло, за нивното царство и велики цареви, за времињата кога го покориле светот. Зар вие не би посакале да си се вратите? А шо нашле таму? Дури и да сакат некој да ги наречит тие „доселеници“ Словени, кои јас би ги нарекол повратници, дали тие пристигнале на празна ненаселена земја? Кај биле Македонците? Кај се сега?!

Голема и широка е темава, туку да скратам. Пред неколку дена во Шчо прочитафме напишав неколку имиња како поттик да прочитате нешто нивно. Накратко: Т.Белчев, Т.Бошевски, А.Тентов, Н.Проева. Сега ќе го предложам најпознатиот археолог Паско Кузман, нашиот Охриѓанец, Голем Македонец. Господ да му дајт сила и здравје и ум, да си ја довршит мисијата – да дооткријат од под земја кои сме, и да му покажит на светот.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Блудница Вавилонска (за визното „олеснување“)

Не знам колку сте запознаени со овој термин, ама многу академски изучувачи на Библијата се имаат сложено дека терминот Блудница Вавилонска е Астрологијата, чии темели се поставени во Вавилон отприлика во исто време со градењето на Кулата, а со иста цел: пркосење на Бога. Но за тоа другпат; сега ќе се зафатам со овој термин како што е испеан во една наша народна песна, а е метафора на Европа.

Пред околу два месеци решив да барам годишна шенген виза, меѓу другото за да воспоставиме контакт со централата на една фирма во Милано со перспектива за соработка, а и за да ја видам Италија. Имам еден другар италијанец, па планиравме да прошетаме заедно барем низ неговиот град - Рим. Инаку тој работи во претставништво на таа италијанска фирма во Македонија, па ми испрати писмо од фирмата (која е инаку добро позната во Италијанската амбасада во Скопје) како покана да одам во Италија заради деловна средба.

Ги прибрав сите потребни документи кои се објавени на веб страната на италијанската амбасада за добивање на бизнис виза, и се пријавив преку агенцијата која е назначена од страна на амбасадата за побрза процедура со барањето. После неколку дена, од агенцијата ми се јавија со барање да доставам дополнителни документи кои амбасадата ги побарала од нив. Повторно бев во поход по документи низ разни институции, и ги доставив до агенцијата.
Но амбасадата бараше уште. И тоа „некакви документи“ за активноста на мојата фирма и на италијанската која ме кани на гости; кога ги прашав какви точно, не ми кажаа. Како и да е, набавив уште десетина документи, меѓу кои и строго доверливи. Овој пат ме упатија лично да ги доставам во амбасадата. На шалтерот ми рекоа дека не барале такви документи, туку некаков доказ за соработката меѓу двете фирми. Па зошто не кажавте какви кога прашав? - ја прашувам службеничката. Освен тоа, нашите фирми немаат никаква соработка, и целта на моето патување е токму воспоставување на контакт и доставување на понуда за соработка.
„Во ред!...“ - рече службеничката, „...но ако шефот побара други документи, ќе ви се јавиме!“ Не се јавија од амбасада, се јавија од агенцијата: „Може да си го подигните пасошот!“.

Кога го добив пасошот со виза се запрепастив: визата важи еден месец, и имам право на еден влез. Но тоа не е се! Имав и една заканувачка порака: „Најдоцна еден ден по истекот на визата, мора да се јавите во амбасадата за да ги покажете печатите од влез и излез од Италија. Во спротивно ќе имате проблеми при евентуално идно аплицирање за виза, а и италијанската фирма која ве кани на гости може да сноси последици!“
Не ми се веруваше!!! После епопејата на прибирање документи во која потрошив доста пари, и во која при крајот очекував уште да ми побараат примероци од крв, урина и сперма, добив еден влез и закана дека морам да го искористам и да го покажам. Е па јас решив да им го покажам, ама не печатот!

Толку од визното олеснување, кое by-the-way требаше да започне од 1.1.2008 година. А Србија доби експрес понуда за визно олеснување и одреден број на студенти кои ќе може да студираат низ универзитетите во Европската Унија, и што ли уште не. Тоа е Европа, за некого мајка - за некого маќеа!


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Македонија е Грција – на YouTube

Македонија е Грција – на YouTube. Да им е... Незнам дали да се нервирам или да прескокнам. Ама ваљда појќето Македници, го прескоквет ова (веќе видено), ама ево јас пак за истото.

Шо пропагнада прает овие Грциве. "Браво за нив". Ова го најдов на YouTube само кога срчав за еден збор - Macedonia (еден термин само). Јес да е старо, од пред една година, можда и било актуелно тогаш во македонскава блогосвера, ама еве го пак, за тие шо го знает да се потсетет и да се нервирет пак, а другите шо не го знает да се понервирет малце.

Го склопиле Грциве видеото убо ко шо требит, специјално за YouTube, ушче туфни да му стаеја и коска ке беше. Ко да имет изнајмено некоја порно продукциска куќа за да им го напрајт.



Во моментов ко го пишам постов за ова видео имаше 135280 коментари. Ако претпоставиме дека секој пишел по 2 коментари, и дека 90% од нив биле грци, бугари, албанци, срби, словенци и остало, а само 10% македонци (браво), тогаш испаѓа дека дека отприлика 6760 македонци кометирале. Уба бројка немат шо. И јас покушав 2-3 коментари да стам – културни секако, да спомнам некој факт или слично, и ме нападнаја ко никој досега: сум бил бугарин, сум бил идиот, врска сум немал, и ми ги блокираја коментарите некако, и слично.

Ок, си реков, ако еден куп безрбетници со мизерија животи по цел ден седет пред ова видеово и коментирет со copy/paste претпоставувам, не примет друго мислење, факт или слично – нека им е. Ама пак од друга страна многу се бе. Незнам како им размислувет мозочињата кога се толку активни да не ни го дает името шо си ги сакаме и да прает невидена пропаганда по вебов.

Зарем требит толку голема да се прајт работава за НАШЕ име.
Нека ми објаснат само како сите тие “аргументи” го забранвет моето постоење и мое лично дефинирање како Македонец, И кои се тие сите фаци да си давет право да ми кажет кој сум јас и каде припаѓам.

И ќе речиме дека сакаме во Европа или НАТО… Ехх, ако за влез во Европа и НАТО требит да се помирам со еден куп вакви работи шо никогаш нема да престанет, и да се прам дека не ги гледам – тогаш немора ни да влезиме. Си имаме и ние достоинстово. Толку.

Тагови: , , , , , , , , , , , , , , , ,, , ,

Таговите се креирани со алатката Ukion Tag Generator

Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

 

Последно од Охридскион

Последни коментари