Македонско име нема да загине

За почеток ќе скршнам настрана низ една попатна станица: ќе ви раскажам како си поминав вчера во автобусот на пат кон Скопје.
Во задниот дел имаше една група млади Роми и, во нивен препознатлив стил, беа распеани, разиграни, се смееја, довикуваа, шлапкаа со раце и пак пееја. Имавме „целовечерен концерт“ – влез колку билет до Скопје. А во репертоарот доминираше избор песни од Тоше, од народни до навивачката „Македонија“. Браво за нив, и за нивниот весел дух. Туку, дали мислите дека тие деновиве се замараат со нашето име? Или воопшто некогаш? Е па нека си се веселат и пеат и играат, подобро да ви кажам за некои други државјани на Македонија.

На пример, Србите од Македонија. Дали тие се изморија од размислување и нервози и неизвесност за нашето име и идентитет? Се разбира не, тие се презафатени со Косово. Се собраа, се бунеа, викаа. Не можам да ги осудам, и јас кога би живеел сега во Србија, сигурно би бил позагрижен за Македонија. Затоа да ги оставиме и нив, и да се свртиме на друга страна.

Со што се занимаваат Албанците од Македонија? Нема потреба ни за објаснување, премногу е очигледно и просто. Сите знаеме за градовите-држави и тоа од античко време, ама нам ни се случи општина држава: Чаир го призна Косово. Подобро да преминиме на „Бугарите од
Македонија“.

Дали во Македонија има или нема Бугари, е друга тема. Можеби за некој генетичар, или историчар, или биолог... Мене ме интересираат чувствата; кој како и што се чувствува себеси. Значи, тие што се или се чувствуваат Бугари, најдоа за сходно во овие напнати моменти да дотурат масло на огнот: смислено нé испровоцираа со откривање на бистата на Тодор Александров. Беспредметно е да се расправа за што се борат и што ги интересира нив.

Да не ги навредам Турците од Македонија со неспомнување, ама досега немам слушнато ништо од нивна страна, не знам како си врват и за што размислуваат.

Затоа, најдобро е да се видиме себеси, ние Македонците. На крај си сме сами, како и секогаш, да си се бориме за себе. Е па да не чекаме помош и поддршка, зошто мислам дека нема да ја добиеме. Сите наши „сојузници“ се поголеми сојузници на нашиот јужен сосед. И без оглед на бесмисленоста на спорот за името, според народната „на пазар домашниот есап не излегува“, нашето членство во кој било сојуз или унија ќе нé чини скапо. Ако ме прашате мене, не би ја платил таа цена за никаков сојуз. За сите вас имам само една порака, а таа е најдобро искажана во една наша песна:

„Станете сите браќа Македонци,
од сите Македонски градови,
И да викниме сите со глас голем,
Бегајте Грци не ве сакаме.“

Сосем за крај: кога ќе нé остават на мир и ние ќе имаме време за поезија и театар; време за долги прошетки низ паркот и излети; време за дружење и игра, или ако повеќе сакате „четинг“ и „гејминг“; за љубов, насмевки и топлина?!

Technorati Tags: , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

0 коментари to “Македонско име нема да загине”

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари