Блудница Вавилонска (за визното „олеснување“)

Не знам колку сте запознаени со овој термин, ама многу академски изучувачи на Библијата се имаат сложено дека терминот Блудница Вавилонска е Астрологијата, чии темели се поставени во Вавилон отприлика во исто време со градењето на Кулата, а со иста цел: пркосење на Бога. Но за тоа другпат; сега ќе се зафатам со овој термин како што е испеан во една наша народна песна, а е метафора на Европа.

Пред околу два месеци решив да барам годишна шенген виза, меѓу другото за да воспоставиме контакт со централата на една фирма во Милано со перспектива за соработка, а и за да ја видам Италија. Имам еден другар италијанец, па планиравме да прошетаме заедно барем низ неговиот град - Рим. Инаку тој работи во претставништво на таа италијанска фирма во Македонија, па ми испрати писмо од фирмата (која е инаку добро позната во Италијанската амбасада во Скопје) како покана да одам во Италија заради деловна средба.

Ги прибрав сите потребни документи кои се објавени на веб страната на италијанската амбасада за добивање на бизнис виза, и се пријавив преку агенцијата која е назначена од страна на амбасадата за побрза процедура со барањето. После неколку дена, од агенцијата ми се јавија со барање да доставам дополнителни документи кои амбасадата ги побарала од нив. Повторно бев во поход по документи низ разни институции, и ги доставив до агенцијата.
Но амбасадата бараше уште. И тоа „некакви документи“ за активноста на мојата фирма и на италијанската која ме кани на гости; кога ги прашав какви точно, не ми кажаа. Како и да е, набавив уште десетина документи, меѓу кои и строго доверливи. Овој пат ме упатија лично да ги доставам во амбасадата. На шалтерот ми рекоа дека не барале такви документи, туку некаков доказ за соработката меѓу двете фирми. Па зошто не кажавте какви кога прашав? - ја прашувам службеничката. Освен тоа, нашите фирми немаат никаква соработка, и целта на моето патување е токму воспоставување на контакт и доставување на понуда за соработка.
„Во ред!...“ - рече службеничката, „...но ако шефот побара други документи, ќе ви се јавиме!“ Не се јавија од амбасада, се јавија од агенцијата: „Може да си го подигните пасошот!“.

Кога го добив пасошот со виза се запрепастив: визата важи еден месец, и имам право на еден влез. Но тоа не е се! Имав и една заканувачка порака: „Најдоцна еден ден по истекот на визата, мора да се јавите во амбасадата за да ги покажете печатите од влез и излез од Италија. Во спротивно ќе имате проблеми при евентуално идно аплицирање за виза, а и италијанската фирма која ве кани на гости може да сноси последици!“
Не ми се веруваше!!! После епопејата на прибирање документи во која потрошив доста пари, и во која при крајот очекував уште да ми побараат примероци од крв, урина и сперма, добив еден влез и закана дека морам да го искористам и да го покажам. Е па јас решив да им го покажам, ама не печатот!

Толку од визното олеснување, кое by-the-way требаше да започне од 1.1.2008 година. А Србија доби експрес понуда за визно олеснување и одреден број на студенти кои ќе може да студираат низ универзитетите во Европската Унија, и што ли уште не. Тоа е Европа, за некого мајка - за некого маќеа!


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

5 коментари to “Блудница Вавилонска (за визното „олеснување“)”
Bibiko рече...
on 

Mozda trebese da pocnis od 'situacijata' so holandska ambasada...i to bese vo najmala raka 'zabavno'!

Анонимен рече...
on 

A da...negde denojve ke vi raskazam i za moeto posledno patuvanje vo EU (citaj Bugarija)...a sea odam da se spremam za Ohrid, ne se propustat vakvo sonce! Tschuess

Арангел Ангов / Arangel Angov рече...
on 

Ма све да им ебам, НЕМА визни олеснувања никакви! Освен тоа што не наплаќаат за визата, тоа е све. Пак треба да те ебат 10 црнци и уште 5 на враќање ако сакаш да отидеш во било која шенген земја.

Мачкаат очи само, визни олеснувања жими куров.

Ukion рече...
on 

за америчка пак да земиш, мора да те поминит цела сојузна држава Луизијана :)

Biceps Brachii рече...
on 

Interesting blog.
Aj em riding ju. ;)

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари