Сакате да го преуредите станот?Да ги префарбате ѕидовите?Да го преместите мабелот во собата? Сакате да ја нацртате основата на станот и сето тоа да го направите со едноставен програм, без да барате архитект или професионални програми? Sweet Home 3D може лесно да ви помогне со сето тоа.
Со оваа апликација можете да направите проект за внатрешно уредување лесно и брзо: измерети ги собите во станот, нацртајте ги ѕидовите и внесете ги димензиите на основата, креирајте 3 димензионални ѕидови, променете ја бојата или текстурата на ѕидовите, на подот, поставете мебел во секоја соба и посетете го новокреираниот стан со виртуелна посета и прошетка низ собите.
Sweet Home 3D е достапен под Windows, Linux, Mac OS. Испробан и за препорака...
Прочитај повеќе и download...
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Софтвер за внатрешно уредување
MarMi , понеделник, 16 февруари 2009 г.Музика преку rapidshare - втор дел
MaG , вторник, 2 декември 2008 г.Пред неполн месец напишав еден пост како барав една македонска народна патриотска песна и ја најдов на бугарски и српски страници, ама не и на македонски. И решив да преземам нешто, колку што можам да придонесам да се сменит ситуацијата. Ме упатија и на други македонски страници со музика, ама таму можат само да се преслушаат. А од денес, овде на охридскиов ќе можит да се спуштат музика преку, како што погодувате, rapidshare. За почеток имаме еден албум, ќе се цитирам себеси: во изведба на нашиот задолжителен за секоја домашна колекција ансамбл Билјана. Tags created with Ukion Tag Generator
Малку подолу, на десната страна, можете да го најдете линкот во ганц новата рубрика: Спуштај музика бес-платно! Во иднина ќе следува уште музика, колку што можиме да ставиме на rapidhare.com. И немат да се ограничиме на македонска народна. Ако сакат некој да помогнит, добредојден е. Однапред ви благодариме за вашиот придонес.
P.S. Забележав дека никој не спуштат песни од Билјана, туку само албумот. Поединечните песни ги немат во албумот (освен насловната) и се 192 Kbps, за разлика од албумот каде се 128 Kbps.
Technorati Tags: Македонија, народни песни, Охрид, музика, rapidshare, Ohrid, Makedonija, muzika, narodni pesni, ансамбл Билјана, ansambl Biljana, starogradski pesni, Od vrv Pirin planina, Од врв Пирин планина, 1762 leto, Oj Zarino, O ljubov ljubov, Hristo Uzunov, Metodi Patcev
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Музика преку rapidshare
MaG , понеделник, 10 ноември 2008 г.Пред некој ден побарав на мрежава една македонска народна патриотска песна. Многу одговарат на сегашнава наша ситуација, и за жал сме осудени повторно да ја слушаме и пееме. За да не ве држам во целосна недоумица, песната содржит стих: „...Проклета и триклета да си Европо, блуднице Вавилонска...„ а е во изведба на нашиот задолжителен за секоја домашна колекција ансамбл Билјана.
И што најдов? Ја најдов песната, ама не на место кај што очекував или се надевав; ја најдов на една бугарска страница и на една српска, ама не на македонска; (ама ова е посебна тема за која сум преморен да расправам). Ако сепак ја имат некаде, се извинувам што не бев поупорен во пребарувањето.
Како и да е, решив да преземам нешто и барем малку да придонесам во изменувањето на ваквата состојба. Овој пат за проба ќе ја поставам песната што ја најдов: овде кликнете , а за понатаму ќе истражам подетално што и како можам да направам за на овој блог да воведеме рубрика за преземање музика. Засега го открив сервисот rapidshare кој што веројатно многумина од вас веќе го знаат, а за тие што се побавни и од мене во дознавање на вакви интересни работи, таму можете да ставите (upload) каков било фајл и да му го соопштите линкот на тој што сакате да го спушти (download). Вршит работа за поголеми фајлови што не можат да се испратат преку електронска пошта.
Засега толку, ако имате некоја идеја коментари се добредојдени. Песната е засега на располагање 90 дена и само на првите десетмина што ќе ја спуштат. Речиси како наградна игра. Ајмо песна бесплатно!
Tags: Македонија, народни песни, Охрид, музика, rapidshare, Ohrid, Makedonija, muzika, narodni pesni
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Asus Lamborghini VX3
Ukion , вторник, 4 март 2008 г.Tags created with Ukion Tag Generator
Asus најави нова верзија на својот лаптоп кој произлезе од соработката со италијанскиот производител на спортски автомобили - Lamborghini. Asus Lamborghini VX3 (името на лаптопот) е со 12.1 инчен дисплеј, интеловиот 45-нанометераски процесор Core 2 Duo T9300 со фреквенција од 2.5 GHz, интел чипсет PM965 и безжична мрежа 802.11 - дело на интеловите инжинери.
Графиката е NVidia со 256 Mb меморија, a HD-то со капацитет од 320 Gb и брзина од 5400 вртења во минута. Меморијата е 4Gb DDR2, а воедно има и вградена веб камера.
Почетокот на продажба, како и цената не се познати. Тоа би се дефинирало после саемот CeBIT.
Како што ми изгледа, лаптопов е коска, и може дирекно да им конкурира на Apple-овите лаптопи (осем со големина на дисплејот).
Се надевам дека Lamborghini нема да почне да произведува све и свашта како што тоа го прават јапонско - корејските фирми (да не го споменувам Daewoo :) ).
Technorati Tags: Asus, лаптоп, Lamborghini, Asus Lamborghini VX3, Core 2 Duo T9300, Apple, дисплејот, Daewoo, notepad, Ohrid, охрид, охридскион, ohridskion
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Internet преку воздушен балон
Ukion , четврток, 21 февруари 2008 г.Tags created with Ukion Tag Generator
Според Wall Street Journal, Google ја разгледува можноста за користење на воздушен балон со цел на поставување на безжична мрежа. Се кажува дека Google ќе склопи партнерство или ке ја купи фирмата Space Data, која има технологија за остваривање на безжична мрежа со воздушен балон.
Деталите за тоа како Google ќе ја имплементира оваа технологија не се обелоденети, а технологијата моментално се користи на начин - балонот се пушта во атмосферата со предавател/приемник во непокриените подрачја, при што врши мрежно покривање на 1000 квадратни километри. Еден балон поривал површина колку 40 комуникациски станици (статични примо-предаватели).
И Google и Data Space не даваат никакви коментари за оваа зделка.
Technorati Tags: балон, мрежа, површина, мрежно покривање, google, data space, нова технологија, Net, wlan, ohridskion, wlan интернет, охридскион, охрид, ohrid
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Холограм за по дома
Menager Guru , вторник, 19 февруари 2008 г.Tags created with Ukion Tag Generator
Европската компанија Holocube (шуќур што не е јапонска!!!) го претстави холограмскиот проектор со исто име. Ова е првиот комерцијален холограм што е наменет за поширокиот пазар и за луѓе со "средни" џебови.
Уредот е со величина 50 x 50 x 50 сантиметри, а холограмската слика се проектира во него на стаклена површина наклонета под агол од 45 степени поради што се добива илузија на тродиензионалност.
Намената на уредот е за претставување на нови производи и прикажување на тродимензионални реклами. Уредот се спојува со комјутер преку USB, а опремен е и со 40GB хард диск - што е доволно за складирање на податоци за 16 сaати тродимензионална содржина.
А ценатa е изгор(барем за мене) - мин. 6000 евра.
Па ако сакате да се мангубите на вашите пријатели и бизнис партнери за сите овие пари, ево ви го линкот, и повелете - купете го: Holocube.
Technorati Tags: holograph, holocube, холограм, commercial hologram, technology, техника, промоција, Ohridskion, Охридскион блог, Охрид, ohrid
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Yang - за одбивањето на Microsoft
Ukion , понеделник, 18 февруари 2008 г.Како што знаете Yahoo ја одби понудата од Microsoft за купување на компанијата. Главниот извршен директор Jerry Yang(CEO) во писмото пратено до акционерите на Yahoo покушал да ги објасни причините за одбивањето на иницијативата на Microsoft за купување на Yahoo, чија понуда ја смета за премала.
Првата причина е приликата на компанијата Yahoo да заземе значаен дел на пазарот на интернет огласување и на тој начин ја подигне цената на акциите (прочитајте како тоа го направи Google). Проценува дека пазарот на акции ке порасне за 45 милијардо долари(алал им вера ) во следната година, а до 2010 до 75 милијарди долари.
Другата причина е јачината на брендот Yahoo, - страниците на порталот месечно ги посетуваат 500 милиони корисници, што во секој случај значи многу прочитани реклами. Компанијата соработува и со web издавачите како Comcast и eBay, а воедно и со преку 600 други интернет весници. Yang ги спомнал и сопственици на голем дел од Yahoo Japan, а воедно и кинеската интернет компанија Alibaba.
Другата страна на приказната е големиот притисок на институционалните акционер, т.е. фондови, кои го имаат поголемиот дел од акциите на Yahoo.
Поголемиот дел од нив не е за подигање на вредноста на компанијата од едноставна причина – 90% од тие акционери има свој дел и во Microsoft, кој во повеќе случаи е поголем од нивниот дел во Yahoo.
Од таа причина тие не сакаат Microsoft да го преплати Yahoo, и сметаат дека понудата не смее да биде поголема од 35 долари за една акција
Technorati Tags: Jerry Yang, microsoft, yahoo, merger, acquisition, buy, stocks, internet, search, engine, bill, gates, software, Мајкрософт, Јаху, Macedonia, Македонија, Ohridskion, охридскион, блог, Охрид, ohrid
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Мобилен со дисплеј шо се виткат
Ukion , понеделник, 28 јануари 2008 г.Ова го изнајдов некаде по интернетов. Холанѓаниве да ти напрајле мобилен телефон со голем диплеј (13 см), ама шо се виткат за да можит да се стајт в џеб (имаше ваква финта уште на еден филм, мислам дека се викаше Мисија на Марс - имаја монитори шо се виткаја во форма на папирус). Еве ви слика:
Производител на телефончево е холандската фирма Полимер Вижн. На линков може да почитате повеќе за спецификацииве на ова телефонче. Имат уште 100 работи стаено на него, ама мене ми се падна в око дисплејот. Еве ви видео презентација:Шефојте во компанијава кажвет дека за 5-6 години ке истаеле пак мобилен, ама со 20 сантиметарски дисплеј, на кој ке можит да се гледат и видео. Браво, ај да видиме. Исто ко на филмон шо го спомнав ојт технологијава.
Супер е телефончево, оган скапо сега засега - Ама ке почекаме :).
Tags created with Ukion Tag Generator