Југо - носталгија

На следниов линк можете да најдете доста обемна и сéопфатна приказна за Македонија. Добра статија генерално. Само на крај авторот под ПС., под мотото „крајот делото го гнаси“, ми го расипа целиот впечаток, и тоа тотално, велејќи дека: „Во малку поинаква ситуација, јас би бил првиот кој е за зачувување на комплексното БЈР Име како уставно, затоа што токму тоа име ни го припишува нам целото југословенско наследство, и наследството на неврзаноста, самоуправувањето и одењето авто-стоп на одмор. Единствено ме нервира “поранешноста” - само Југословенска Република Македонија звучи кул.“ Зошто тогаш не би се викале: Бивша Римска колонија Византиска провинција Отоманска провинција Фашистичка територија Српска покраина Југословенска република Македонија? (Да не испуштив нешто?! Дополнете ако има.) Нели, за да го опфатиме целото наследство...

Не знам за вас, ама јас овде го препознавам нашиот најголем проблем со националниот идентитет: Имено, т.н. Југо-носталгија. Знаете, сéуште има т.н. македонци кои повеќе ја сакаат „бившата“ од „сегашнава“. Велат: „Добро ни беше; со Југословенскиот пасош не ни требаа визи за никаде; ние не можеме сами; имавме сé што ни треба....“

Би сакал да набројам неколку од тие работи што ги имавме:
1. Странски кредити и задолженост од околу 20.000.000.000 $ (милијарди);
2. Планска (не пазарна) економија со висока инфлација која стрмоглаво водеше во пропаст;
3. Сé беше во ред: ред за леб (најмногу 2 леба по човек во редот); ред за млеко (исто како лебот); ред за масло за јадење (кога ќе добијат); бонови за бензин; 60% кафе (ако имаш среќа); голема „разноврсност“ на возила - Застава или Лада, и по некоја полска или источно германска; ... да продолжам?
4. Немилосрдно политичко гонење и затворски казни за сите „непријатели на револуцијата“, а првенствено тоа се однесува на македонски патриоти. Македонски патриотски песни најстрого забранети (разговор во УДБА загарантиран минимум), а посакувани тие за партизаните со Тито и Иво Лола и Сава Ковачевиќ итн. Барем такви се пееја на хор;
5. Немање слобода на говор (едно до основните човекови права). Во спротивно – Голи оток;
6. Немање слобода на вероисповест (уште едно) - човек забележан дека оди во црква (не знам за џамија) нема шанси за напредок во кариерата. Воведен е поимот „политичка подобност“.;
7. Има уште многу, ама за крај мојата омилена фраза: „загарантиран личен доход“.

Да скратам: Што е тоа што го имаа и по кое патат? Немање на основните човекови права и основни прехранбени производи. Бог неканет гостин. Мрачно доба.
Но јас не им се лутам на носталгичарите, само сакам да им кажам дека тоа заврши и да ги отворат очите за да ја видат светлината. Светлина од сонценцето.
Made in Macedonia

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

2 коментари to “Југо - носталгија”
Анонимен рече...
on 

И БАШ ПОРАДИ ТОА...

ГОЛЕМ НАРОДЕН МИТИНГ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ПРЕД ПОЛИТИЧАРИВЕ ДА ГО ПРОДАДАТ ЗА ЧЛЕНСКА КАРТА!

СРЕДА, 27.02.2008, во 19 часот
пред МАКЕДОНСКОТО Собрание.

За да не испадне дека го зборуваме јазикот на кој што зборува населението во Демократска Република Македонија.

БИДИ ОНА ШТО СИ!
ОСТАНИ МАКЕДОНЕЦ!

Анонимен рече...
on 

Е па така ти е кога имаш мнозинство безр'бетници во државава. Ќе си го продадат гзот и плус ќе го пушат за ич пари.

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари