Нашиот господар - Далечинскиот управувач


Сигурно сте забележале колку сме сите денес зависни од телевизијата. Можеби не опседнати, но трошиме голем дел од нашето драгоцено време покрај телевизор. Знаете ли колку е животот краток и драгоцен? Го цените ли доволно? Знам една мисла од некој умен човек: Сите постојано се жалат колку е животот краток, а речиси целиот живот само „убиваат“ време.
И притоа, ако веќе не можеме да живееме без неа, што гледаме и колку? Познавам многумина кои само „сурфаат“ по каналите до бескрај. „Никогаш нема ништо!“ Тоа и јас сакам да ви го кажам. Нема ништо. Само илузија. Се разбира има и многу информации. Но, информациското загадување е веројатно поголемо од она на природата; тоа нй влегува и дома. Сепак, живееме во време кога луѓето се зависни од информации. Мора да се прими дневната доза. Ако е веќе така, би сакал да се прави добар избор на видот на информации кои „мора“ да се примат.

На пример денес гледав документарец (и јас не сум имун, се разбира) за тоа како секое живо суштество има однапред определено ограничен живот. Вилинското коњче има само еден ден. Глушецот две години. Слонот 70. И човекот е тука некаде. Но не сите го доживуваат животот со иста брзина. На пример на глувчето срцето му чука околу 650 пати во минута; нему сигурно денот му изгледа како нам една недела. Но и на луѓето им „минува“ различно. Повозрасните се забавени, па и нивната перцепција за времето е поинаква од таа на помладите, и тоа заради различната брзина на биоритамот. Тие веќе почнуваат да го ценат времето кое им преостанува и не го губат на неважни работи. Не ги ни паметат неважните работи кои не можат да ги заобиколат нивните животи.

Дали можам да се надевам дека, од толку информации секој ден, барем дел од помладите ќе наидат на ваква информација? И дека ќе извлечат поука?! Дека ќе почнат да го ценат своето драгоцено ограничено време на земјава. Дека нема веќе да го „убиваат“. Почнете вие: спортувајте, одете на концерт, направете излет во природа, засадете дрво, посетете некој болен или стар роднина / пријател, помогнете на некоја вдовица, слушнете ја песната од вашето дете, згответе убав здрав ручек, прочитајте добра книга. Изборот е бесконечен. Не допирајте го далечинскиот управувач на телевизорот еден ден; и тоа е почеток! Еве јас ќе бидам прв – денес не гледам ТВ.


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

4 коментари to “Нашиот господар - Далечинскиот управувач”
Анонимен рече...
on 

фала што не просвети и ни ги отвори очите, досега сме живееле во мрак :).
Доста со оваа кунг-фу филозофија! Кажи нешто ново и актуелно!

MaG рече...
on 

Обично не одговарам на анонимни, з’ш анонимноста дават храброст за безобразие. Ама ова ќе е прв исклучок. СПЕЦИЈАЛНО ЗА ТЕБЕ АНОНИМУСЕ:
Ова не е весник, туку блог. За нешто ново - провери на МИА.

Анонимен рече...
on 

Me udri po raka...
Mene znam deka ke mi e 'shube' sledniot pat koga ke sednam pred TV.
Celta e postignata :)
I bravo za inicijativata!

Анонимен рече...
on 

Здраво. Им се заблагодарувам на оној кој ми помогна да добијам мојот заем од 20000€. Јас сум многу среќен, бидејќи благодарение на тебе јас успеав да се добие мојата кредитна со стапка од 2%. Јас го зедов кредит во период од 5 дена. Ако сакате подготвени сериозни може да се јавите оваа e-mail адреса: financial.investforum@gmail.com

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари