Закон за хартиени ќеси - а каде се хартиените ќеси?

Кога прв пат слушнав за законот за хартиени ќеси како љубител на природата си реков - одлично.
Неколку дена после први, кога ми се потрошија залихите на храна која ја имав за новогодишните празници тргнав да купувам за следните празници ("да има" -што би рекле старите), добро информирана, по новиот закон да барам хартиена ќеса.

Одам во месара Мега, одлично - имаат хартиена ќеса, но чини 1 денар, убава квалитетна. Добро, дајте една, да не го носам месото така ќе истече крвта, кој ке ја чисти од торби, башка ќе мириса...

Влегувам во Веро и барам хартиена, немале и не само што немале ми ги наплатија и пластичните и то по 1.5 ден, што е трипати повеќе од набавната на ќесата. Нејсе, земав 2, бидејќи толку имав артикли. Добро си велам не купувам повеќе тука, и онака грчка продавница па уште и за тоа да им давам пари, ем да си за загадувам околината ем нив профит...

Следно, влегувам во локално дуќанче да купам леб и барам нормално хартиена ќеса- вика имаме но тие ги наплаќаме, пластичните ги даваме бесплатно !?! Дај ми пластична - велам. Толку траеше мојата еднодневна еуфорија за екологија...

Си одам дома со 3 пластични кеси и една хартиена и си размислувам - до вчера без разлика екологија - неекологија кесите ги добивав бесплатно. Сега не само јас, туку и сите кои излегуваа од Веро (а излегуваа многу луѓе) носеа пластични ќеси, само што овој пат ги плаќаа.

Бидејќи сите закони ги копираме од некоја земја не можам и јас да ја избегнам споредбата со некоја од другите земји (то е 'In'), па се сетив на Хрватска, кои нашле начин да ги мотивираат луѓето да се грижат за природата, ама не да плаќаат за она за што досега не плаќале туку обратно, да почнат да добиваат грижејќи се за природата.
Кај нив за 4 мали пластични празни шишиња вода можеш да добиеш вредност од една мала полна. Лугето доаѓаа во откупните центри со полни коли за да им ја откупат пластичната амбалажа!

Во принцип, никој од нас нема да осиромаши за 6 денари дневно за 3 кеси, т.ш ако вака се продолжи не гледам некое 'фајде' од законот. Фајде ќе видат само трговците на кои до сега ќесите им беа трошок сега им се приход и тоа со 200-400% маржа (за големите кеси, за малите и многу повеќе, набавна на мала е 0.33, а на голема 0.5). Реално, мене ми е јасна маката на трговците кои ги наплаќаат и хартиената ќеса- за нив имаат 5-пати повисока набавна цена, за која се ветува олесување, но КОГА?Кога ќе ги преплати џебот на потрошувачот?

Јас знам дека се откажав од ентузијазмот наречен - 'Барај хартиена ќеса и заштити ја околината', заради вакви закони кои имаат убава идеја но толку бргу се носат што на крај се' некој страда - со патриотските фискални страдаа трговците (и уште страдаат), сега ние потрошувачите, и се тоа зашто сите одлуки се носат набрзина без истражување, без претходни подготовки.

Се на се, се сведува на тоа дека моментално ем ја загадуваме природата, ем уште плаќаме за тоа- сакале или не - мораме зашто скоро никаде нема хартиени ќеси.

Велат, решение се платнените торби, а кој млад човек (а посебно машкиот дел кој и практично нема каде да ја стави) ќе носи торби - ќе видиме.

Technorati Tags: живот, закон, хартиени, пластични, ќеси, zakon za hartieni kesi, plasticni

Tags created with Ukion Tag Generator




Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Comments :

4 коментари to “Закон за хартиени ќеси - а каде се хартиените ќеси?”
MaG рече...
on 

Mi ja ukrade idejava, sovrseno ke se nadovrzese na poston za zakonot za alkohol od lani. ;-)

Анонимен рече...
on 

Касно палиш :). Ама ако ти е за кажвење имат уше 100 работи да се кажет, гледај само вести и 100 идеи ке добијаш :)

Unknown рече...
on 

Потполно се согласувам. Мое миеслење е дека законот не го разбраа добро ниту оние кои го донесоа, ниту оние што треба да го применуваат. Требаше да се направи преоден период (да речеме 1 месец), за да се потрошат залихите на пластичните кеси по продавниците, а во тој период тие да даваат и хартиени кеси (и тоа задолжително и бесплатно) и по завршувањето на тој период да се продолжи со давање само на хартиени, кои секако би биле бесплатни како што впрочем е и секаде во светот. И сега разбирам дека набавната цена на хартиените е повисока, ама за тоа не се виновни потрошувачите, тоа е веќе во доментот на менаџирање на продавниците.Пред можеби 10 и повеќе години и пластичните кеси се наплаќаа, па откога одредени продавници почнаа да ги даваат бесплатно и им се зголеми прометот, сите почнаа да ги даваат бесплатно за да дојдеме на сегашново.

MaG рече...
on 

Многу длабоко обмислено...
А бе земи учи!
;-)

Објави коментар

 

Последно од Охридскион

Последни коментари