Знам дека досега на нашиов блог не пројавивме никаков интерес кон игри, ама за безработник ко мене ваква игра е жива зараза. Се играт до вкочанети прсти, после играње се препорачвит наизменично топла и ладна вода.
За ентузијасти: возиш крос мотор со скокови и превртувања во воздух, како професионалец, само овде после секој пад си жив и здрав и одиш на почеток. За сладокусци, можит да се возит и скејтборд и баги, сам како каскадер или во трка со бот. На секое од нив имат по три нивоа на тежина составени од по три трки; за секое ниво по пет „животи„. Е па уживајте, скокајте, вртете се напред или назад и ви гарантирам, во моменти на немање подобра забава, игричево ќе ви е во фејворитс. Ако кликањето на сликата е неуспешно, кликај овде.
Tags: motori, motokros, kros, trki, igri, skejtbord, bagi, мотокрос, трки, мотори, скејтборд, scateboard
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Comments :
Објави коментар