Whitney Houston - бугарска верзија

Дајректли фром јуро"пеан" јунион. No comment. Само гледај...



Technorati Tags: , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Прохибиција

Со што се занимава нашата влада во овие пресудни времиња по нашиот идентитет? Или подобро, дали се овие времиња пресудни или e тоа само наметната општонародна психоза за да се одвлече вниманието од други настани и појави?!

На пример: владата се занимава со „Европски“ закони, нели, за да се приближиме до ЕУ. Јас дури би ги нарекол Скандинавски. После 19:00ч нема алкохол во ниедна продавница, под клуч, само во кафеана може да се пие. Во колона по двајца, или?! Лева-десна, еден-два. Кој има корист од ова? Не можам ни да претпоставам, ама никако не можам да помислам дека општеството ќе е тоа, дека сега ќе се отрезни цел народ и „ќе ни тргне“. Уште порано пушачите беа „обележани“, одделени од непушачите небаре се најлош вид на криминалци. No dogs and Indians! На крајот на краиштата, од што ќе живеат Прилепчани? Па доста со забрани, ограничувања и репресии. Јас го разбирам развојот на демократијата како добивање на сé повеќе слободи. Нели?! Земете ја за пример Холандија, и при тоа не мислам на озаконетата марихуана. Ама ако и за тоа, „патот на претерувањето води до мудроста!“

А вработувања? А фер вработувања? (без партиски/роднински/платени работни места.) А антикорупција на повисоко ниво од наплатувач на патарина? Испитување на потеклото на „тешко спечалените“ милиони на поединци? И така натаму, и така наваму.

Жално, ама овие закони ми изгледаат како Скандинавски фил на отоманска торта. Да речеме раванија. Да не се чудиме ако ни се појават Капоневци и Лучиановци.

П.С. За љубителите на вистинска торта, топло ја препорачувам Охридска.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Македонско име нема да загине

За почеток ќе скршнам настрана низ една попатна станица: ќе ви раскажам како си поминав вчера во автобусот на пат кон Скопје.
Во задниот дел имаше една група млади Роми и, во нивен препознатлив стил, беа распеани, разиграни, се смееја, довикуваа, шлапкаа со раце и пак пееја. Имавме „целовечерен концерт“ – влез колку билет до Скопје. А во репертоарот доминираше избор песни од Тоше, од народни до навивачката „Македонија“. Браво за нив, и за нивниот весел дух. Туку, дали мислите дека тие деновиве се замараат со нашето име? Или воопшто некогаш? Е па нека си се веселат и пеат и играат, подобро да ви кажам за некои други државјани на Македонија.

На пример, Србите од Македонија. Дали тие се изморија од размислување и нервози и неизвесност за нашето име и идентитет? Се разбира не, тие се презафатени со Косово. Се собраа, се бунеа, викаа. Не можам да ги осудам, и јас кога би живеел сега во Србија, сигурно би бил позагрижен за Македонија. Затоа да ги оставиме и нив, и да се свртиме на друга страна.

Со што се занимаваат Албанците од Македонија? Нема потреба ни за објаснување, премногу е очигледно и просто. Сите знаеме за градовите-држави и тоа од античко време, ама нам ни се случи општина држава: Чаир го призна Косово. Подобро да преминиме на „Бугарите од
Македонија“.

Дали во Македонија има или нема Бугари, е друга тема. Можеби за некој генетичар, или историчар, или биолог... Мене ме интересираат чувствата; кој како и што се чувствува себеси. Значи, тие што се или се чувствуваат Бугари, најдоа за сходно во овие напнати моменти да дотурат масло на огнот: смислено нé испровоцираа со откривање на бистата на Тодор Александров. Беспредметно е да се расправа за што се борат и што ги интересира нив.

Да не ги навредам Турците од Македонија со неспомнување, ама досега немам слушнато ништо од нивна страна, не знам како си врват и за што размислуваат.

Затоа, најдобро е да се видиме себеси, ние Македонците. На крај си сме сами, како и секогаш, да си се бориме за себе. Е па да не чекаме помош и поддршка, зошто мислам дека нема да ја добиеме. Сите наши „сојузници“ се поголеми сојузници на нашиот јужен сосед. И без оглед на бесмисленоста на спорот за името, според народната „на пазар домашниот есап не излегува“, нашето членство во кој било сојуз или унија ќе нé чини скапо. Ако ме прашате мене, не би ја платил таа цена за никаков сојуз. За сите вас имам само една порака, а таа е најдобро искажана во една наша песна:

„Станете сите браќа Македонци,
од сите Македонски градови,
И да викниме сите со глас голем,
Бегајте Грци не ве сакаме.“

Сосем за крај: кога ќе нé остават на мир и ние ќе имаме време за поезија и театар; време за долги прошетки низ паркот и излети; време за дружење и игра, или ако повеќе сакате „четинг“ и „гејминг“; за љубов, насмевки и топлина?!

Technorati Tags: , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator



Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

Asus Lamborghini VX3

Asus најави нова верзија на својот лаптоп кој произлезе од соработката со италијанскиот производител на спортски автомобили - Lamborghini. Asus Lamborghini VX3 (името на лаптопот) е со 12.1 инчен дисплеј, интеловиот 45-нанометераски процесор Core 2 Duo T9300 со фреквенција од 2.5 GHz, интел чипсет PM965 и безжична мрежа 802.11 - дело на интеловите инжинери.

Графиката е NVidia со 256 Mb меморија, a HD-то со капацитет од 320 Gb и брзина од 5400 вртења во минута. Меморијата е 4Gb DDR2, а воедно има и вградена веб камера.

Почетокот на продажба, како и цената не се познати. Тоа би се дефинирало после саемот CeBIT.

Како што ми изгледа, лаптопов е коска, и може дирекно да им конкурира на Apple-овите лаптопи (осем со големина на дисплејот).

Се надевам дека Lamborghini нема да почне да произведува све и свашта како што тоа го прават јапонско - корејските фирми (да не го споменувам Daewoo :) ).

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , ,

Tags created with Ukion Tag Generator


Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.

 

Последно од Охридскион

Последни коментари