Пред некој ден побарав на мрежава една македонска народна патриотска песна. Многу одговарат на сегашнава наша ситуација, и за жал сме осудени повторно да ја слушаме и пееме. За да не ве држам во целосна недоумица, песната содржит стих: „...Проклета и триклета да си Европо, блуднице Вавилонска...„ а е во изведба на нашиот задолжителен за секоја домашна колекција ансамбл Билјана.
И што најдов? Ја најдов песната, ама не на место кај што очекував или се надевав; ја најдов на една бугарска страница и на една српска, ама не на македонска; (ама ова е посебна тема за која сум преморен да расправам). Ако сепак ја имат некаде, се извинувам што не бев поупорен во пребарувањето.
Како и да е, решив да преземам нешто и барем малку да придонесам во изменувањето на ваквата состојба. Овој пат за проба ќе ја поставам песната што ја најдов: овде кликнете , а за понатаму ќе истражам подетално што и како можам да направам за на овој блог да воведеме рубрика за преземање музика. Засега го открив сервисот rapidshare кој што веројатно многумина од вас веќе го знаат, а за тие што се побавни и од мене во дознавање на вакви интересни работи, таму можете да ставите (upload) каков било фајл и да му го соопштите линкот на тој што сакате да го спушти (download). Вршит работа за поголеми фајлови што не можат да се испратат преку електронска пошта.
Засега толку, ако имате некоја идеја коментари се добредојдени. Песната е засега на располагање 90 дена и само на првите десетмина што ќе ја спуштат. Речиси како наградна игра. Ајмо песна бесплатно!
Tags: Македонија, народни песни, Охрид, музика, rapidshare, Ohrid, Makedonija, muzika, narodni pesni
Tags created with Ukion Tag Generator
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
pesni kolku sakas pobarajte kaj mislam.blogspot.com
rapidshare e super, ama mnogu povekje moze da se najde preku torent
"Проклета и триклета да си Европо, блуднице Вавилонска" e za pechalbari brale, ova nasevo momentalno e za turizam
Како може да се пријави пост на "кајмакон"?
http://pesna.blogspot.com/2006/02/blog-post_113996550370795031.html
Фала многу за добронамерните коментари. mislam.blogspot.com е стварно полн со песни, ама мојата поента е да најдиш песна со „гуглање„ на насловот...а и не можиш да спушташ песни оттаму, само да ги преслушаш.
А, и ова: не разбирам кое наше е за туризам?! Можда patuvanja.info
За кајмакот, десно имат линк: Пријави страница.
jas gleaam malce turisticki na evropa - evropska unija - priznavanje - vizi - odmor - ova ona ...
Ich neznajsh da asociras, ke te karat oliver mlakar