Со што се занимава нашата влада во овие пресудни времиња по нашиот идентитет? Или подобро, дали се овие времиња пресудни или e тоа само наметната општонародна психоза за да се одвлече вниманието од други настани и појави?! Tags created with Ukion Tag Generator
На пример: владата се занимава со „Европски“ закони, нели, за да се приближиме до ЕУ. Јас дури би ги нарекол Скандинавски. После 19:00ч нема алкохол во ниедна продавница, под клуч, само во кафеана може да се пие. Во колона по двајца, или?! Лева-десна, еден-два. Кој има корист од ова? Не можам ни да претпоставам, ама никако не можам да помислам дека општеството ќе е тоа, дека сега ќе се отрезни цел народ и „ќе ни тргне“. Уште порано пушачите беа „обележани“, одделени од непушачите небаре се најлош вид на криминалци. No dogs and Indians! На крајот на краиштата, од што ќе живеат Прилепчани? Па доста со забрани, ограничувања и репресии. Јас го разбирам развојот на демократијата како добивање на сé повеќе слободи. Нели?! Земете ја за пример Холандија, и при тоа не мислам на озаконетата марихуана. Ама ако и за тоа, „патот на претерувањето води до мудроста!“
А вработувања? А фер вработувања? (без партиски/роднински/платени работни места.) А антикорупција на повисоко ниво од наплатувач на патарина? Испитување на потеклото на „тешко спечалените“ милиони на поединци? И така натаму, и така наваму.
Жално, ама овие закони ми изгледаат како Скандинавски фил на отоманска торта. Да речеме раванија. Да не се чудиме ако ни се појават Капоневци и Лучиановци.
П.С. За љубителите на вистинска торта, топло ја препорачувам Охридска.
Technorati Tags: Прохибиција, алкохол, влада, закони, Македонија, Охрид, охридскион, забрани, слободи, европски, скандинавски, демократија
Ви се свиѓат постов? Ак ви се свиѓат оставете коментари или пријавете се за редовни читачи на Охридскион и ние ќе ви ги праќаме најновите постови дирекно во вашиот Фид Ридер или на емаил. Ајт.
Прохибиција
MaG , среда, 5 март 2008 г.
Етикети:
Живот,
Македонија,
Политика
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Капоневци и Лучијановци имаме веќем Таботат во тајност моментално, ама кога ке станат опозиција почнаваме да дознаваме кој биле.
Мене повеќе ми е страв да не се појават Скарфејси и Аркановци.
Скандинавија? Холандија?
Ало ова е Балканот. И да си знаеш, и да ни ги наметнат тие закони пак ке се најде дупка за тоа кој како ке се реди в редот...
Патриотизам ? А што е тоа?